Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (20.09.2021)

Овен
Влеговте во период кој е одличен за стекнување, било да се работи за материјални, или духовни вредности. Некои ќе даваат предност на овие првите, но ќе бидат во ситуација и да трошат на ексклузивен начин. Кога се во прашање пари, одите од крајност во крајност – или штедите, или растурате. Разменете искуства со пријателите, со желба да го решите проблемот.

Бик
Полни сте со оптимизам и силна волја да го завршите почнатото. Мора да ставите контрола на егоизмот, посебно во однос кон партнерот. Зарем не сте забележале дека се обидува да и’ побегне на вашата контрола, како што, всушност, и вие бегате од неговата? На слободните Бикови новата љубов им ги расипува плановите.

Близнаци
Самите себеси сте си најголем пријател. Затоа подробно анализирајте ги своите досегашни постапки, како и постапките на другите, па ќе сфатите кој е всушност во право. Можеби сте претерале со осудување на некои личности од блиската околина, а можеби и тие не ве сфатиле на вистински начин, па вашето лутење е беспричинско.

Рак
Се занимавате со себе и со оние работи што ви претставуваат задоволство. Под услов да претерате во тоа, исправно ќе постапите. Бидејќи можноста да скршнете во ексцентричност е присутна, почнете интензивно да се дружите со пријателите и со нив да разменувате искуства. Можеби ќе ги инспирирате да ви дадат деловна поддршка.

Лав
И натаму нижете успеси. Важно ви е не само околината да ве цени, туку и до пари. Морате да водите сметка за она од што се живее. Влеговте во поволен период за јавна работа, така што воопшто нема да останете незабележано. Опасноста демне во вид ароганција и препотентност, но со тие мани треба да се изборите.

Девица
Периодот е поволен за оние што се занимаваат во право, филозофија, или проучување на странски јазици. Во овие области, со минимум напори ќе постигнете максимални резултати. Иако по природа сте практични, лесно можете да западнете во ситуација што ќе ја блокира оваа ваша особина. Бидете дополнително внимателни и не се залетувајте.

Терезија
Беспарицата ве доведува до лудило. Имате чувство дека парите ви се лизгаат низ рацете. Чувството е исправно, зашто желбите секогаш се поголеми од можностите, дури и кога сте богаташ. Успешно закрепнувате од здравствените проблеми. Многу Терезии имаат проблеми со машка личност, било да станува збор за родител, партнер, или шеф. Помалку зборувајте, а повеќе работете.

Скорпија
Многу осамени Скорпии, конечно, ќе ја сфатат предноста на животот во брачна заедница. Доколку не ја легализирале врската, еве можност! Ако токму овие денови склучувате брак, шансите тој да успее се големи. Заборавете на потпишувањето деловни договори и земајте повеќе витамини.

Стрелец
Влеговте во нова работа, во која до израз доаѓаат вашите организаторски способности. На извесен начин емотивно ќе се средите. Иако бевте особено нервозни, домашните ве трпеа знаејќи дека таа состојба е минлива. Сега целосно им се посветувате, зашто делумно се чувствувате виновни.

Јарец
Бидејќи имате замислено дека сте незадоволни со својот емотивен живот, ќе фантазирате да ги измамите партнерот. Тоа, за среќа, најверојатно, нема да го направите, зашто сте личност што е засегната од моралните вредности. Доколку такво нешто треба да спроведете во дело, на постојаниот партнер ќе му врачите „црвен картон“, зашто не сакате да седите на две столчиња.

Водолија
Ги решавате семејните и имотноправните проблеми. Потребата за сигурност од материјална природа моментно е нагласена. Несигурноста во себе и нерасположението вешто ги прикривате. Не сакате никој да добие впечаток за вас како за слаба и неуспешна личност. Затоа живеете со внатрешен притисок, ја потиснувате нервозата, но се тешите дека таа набргу ќе стане далечно минато.

Риби
Сфаќате дека само менувајќи го амбиентот можете со успех да закрепнете од напнатоста што сте ја потиснале. Планирате патување. Сознанието дека тешко можете да влијаете на некои работи, без основа ве доведува до блага нервоза. Ќе се обидете во друштво на истомисленици да заборавите на проблемите и во тоа ќе успеете.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *