Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (28.08.2023)

Овен
Многу Овнови ќе бидат поврзани со јавниот живот. Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и судири, најдете поповолен момент за расчистување. Задоволството најдете го во работата, или занимавањето со спорт.

Бик
Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците, предизвикани од вашата нервоза и пречувствителност. Доколку не сакате да правите шеги на своја сметка, немојте да го правите тоа ни на другите. Ќе имате можност за патување, било да се работи за работа или за одмор.

Близнаци
Пречувствителни сте, така што постои опасност од грешки. Бидејки се држите во себе, можете да си го загрозите здравјето. Не обѕрнувајте се на околината. Таа не е вредна за вашето внимание, туку свртете се кон оние работи што ви претставуваат задоволство. Само така ќе ја надминете кризата во денот.

Рак
Нека не ве зачудат необичните љубовни афери. Пречувствителни сте на ударите отстрана, а особено неспособни да го увидите својот степен на одговорност. Не обвинувајте ги другите за сопствените неуспеси. Размислете за тоа колку сте самите одговорни за нив.

Лав
Убавиот период продолжува. Посебно ќе ве радува богатиот емотивен живот. Но, што е многу, многу е, дури и за еден Лав. Запрашајте се дали можеби претерувате со изливите на нежност и отвореност кон саканата личност. Веќе утре, поради тоа можете да паднете во немилост.

Девица
Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се, ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, во смисла на бегство од пропаднатата врска или помирување со маните на партнерот.

Терезија
Занимавањето со разни работи и спорт ви помага да се чувствувате фантастично. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања. Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност.

Скорпија
Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди, исто така постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.

Стрелец
Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Треба да се биде реален во процената.

Јарец
Вложувате напори за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте возбуди и насилство отстрана. Проблем на денот е мрзливоста, која до некаде ви ја отежнува реализацијата на една важна задача. Се советува до средината на април да не вложувате пари, да не започнувате работи, туку да ги завршувате.

Водолија
Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа ќе го завршите со леснотија. За одличното расположение и здравите резони, заблагодарете му се на партнерот и на пријателите – тие сесрдно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто.

Риби
Се е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Близнаците, кои единствено во ваше друштво не се nезгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања. Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>