Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (19.07.2021)

ОВЕН
Полни сте со работен елан, па сите планирани активности ќе ги завршите брзо и успешно, а ќе има и пари. Бидејќи сте задоволни и со развојот на емотивната ситуација, помислувате на подарок со кој ќе го израдувате саканото лице. Не дозволувајте да ве обземе овновската тврдоглавост и непромисленост.

БИК
Убав ден, нема што! Бидејќи пред вас е обемна работа, дополнително ќе бидете мотивирани за работа, но успехот нема да изостане. Не дозволувајте да ја изгубите самоконтролата, затоа што другите ќе ви упатат забелешки. Насочете се кон убави нешта, на пример, љубовта.

БЛИЗНАЦИ
Под услов да се занимавате со професија што ви дава сигурност, можете да бидете задоволни. Во спротивно ќе имате доволно време за нервирање. Работата ќе ви помогне да го зачувате чувствителниот нервен систем. Спасот е во работата.

РАК
Она што може да ви биде тешко е сознанието дека немате кому да му се доверите. Посакувате доверба и можност за вербално празнење, но тоа моментно е невозможно. Се одлучувате за уште поголема изолираност и недоверливост. Мора да се коригирате во таа смисла.

ЛАВ
Иако се обидувате да ги средите брачно-партнерските проблеми, сепак, констатирате дека од тоа имате слаба корист. Тоа ве излудува, како и сознанието дека немате на кого да се потпрете: бракот или врската веќе подолго време се во криза, па дефинитивно бараат разјаснување.

ДЕВИЦА
Бидејќи не можете да кренете глава од работа, напнати сте. Ни тоа не е лошо зашто кога ќе мине работниот метеж, ќе имате доволно време за расчистување. Исцрпеноста проследена со нередовно јадење може да доведе до активирање на здравствениот проблем од хронична природа.

ТЕРЕЗИЈА
Незадоволни сте, иако на моменти се обидувате да побегнете од тоа сознание. Интересно е дека во приватниот живот се’ ви поаѓа од рака. Штом ќе останете сами, пресметувате и доаѓате до заклучок дека сте во дебел минус. Брачните кавги се минливи и невини.

СКОРПИЈА
Денот е поволен за работа, но не и за љубов. Затоа свртете се кон оние сегменти од животот во кои моментно сте најуспешни. Љубовта може да почека подобри времиња. Скорпиите што се во брак се подготвени на партнерот да му најдат илјада мани, а себеси ниту една. Бидете пообјективни!

СТРЕЛЕЦ
Бидејќи ве очекува успешен ден, не дозволувајте да ви го упропастат дреболии. Уживајте во него и дишете со полни гради. Не сте свесни колку сте среќни, но ќе се освестите еден ден кога среќата ќе исчезне. Љубовта ве сака, работата, исто така, а и уметноста. Во елемент сте!

ЈАРЕЦ
Остварувате успешна комуникација. Ќе се трудите слободното време да го минувате надвор од дома. Се заситивте од домот, но не и од добрите стари пријатели. Тие ќе ви помогнат со совет да ја надминете подолгата криза на ниво на личноста.

ВОДОЛИЈА
Тешко на оној што ќе ви стапне на нога. Доаѓа до израз мрачната страна на вашиот карактер. Бидејќи живеете во свет на лаги и измами, само го потиснувате здравствениот проблем, а не го решавате. Сами себеси сте си најголем непријател. За уметниците тоа не е лошо, но Водолиите не се уметнички типови.

РИБИ
Сфаќате дека односот со некое лице е крајно неизвесен. Доколку се работи за емотивна врска, тоа е чисто промашување. Причината за ваквото размислување е во чувството на инфериорност. Памет в глава и бидете пореални кон себе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *