Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (03.07.2023)

Овен
Ништо нема да му се скрие на вашето будно око. Ќе напредувате во работите врзани за образование, компјутери или новинарство. Вашата дружељубивост ќе и’ биде симпатична на околината. Со една постапка ќе стекнете нов пријател. Некој љубопитно ве набљудува.

Бик
Денот ќе го минете во работно расположение. Можно е дури и претпоставениот да ве повика на разговор. Сепак ќе имате доволно време за домашните работи. Љубовниот живот ќе ви тргне по нагорна линија. Склони сте кон вљубување. Признајте ја грешката.

Близнаци
Советот што ќе го примите од постара и поискусна личност ќе ви користи во деловното одлучување. На приватен план ве очекуваат радосни вести. Ќе видите една драга личност и одлично ќе се забавувате во друштво на старите пријатели. Потпрете се на туѓата помош.

Рак
Семејните обврски ќе ви бидат во прв план. Би можеле да угостите некоја сакана личност или барем темелно да го исчистите домот. Некои подготвено ќе ја жртвуваат работата или кариерата поради децата и семејството. Не запоставувајте го пријателството поради љубовта.

Лав
Одлично ќе забележувате детали што на другите им се провлекуваат. Изострениот инстинкт ќе ви помогне да ја претекнете деловната конкуренција. Може да ви создаде неволји авторитетниот и критички став на една женска личност. Не подлегнувајте и’ на љубомората.

Девица
Дозволете си малку одмор. Ѕвездите ви овозможуваат брзо да ги завршите работите и да му се посветите повеќе на домот. Во разговор со блиски личности ќе дојдете до позитивни финансиски решенија. Младите лица ќе потрошат многу пари. Надополнете го пропуштеното.

Терезија
Денот е поволен за промени. Отворено кажете ги своите предлози, зашто ќе наидете на личност што воодушевено ќе ги прифати. Во љубовта ќе се појави згодна шанса, која не треба да ја пропуштите поради лошите искуства од минатото. Покажете ја чувствителната страна на вашиот карактер.

Скорпија
Моментите што ќе ги минете сами со себе ќе бидат скапоцени. Ќе размислувате за минатото и ќе се сетите на личноста со којашто сте преживеале бурни моменти во животот. Ќе се посомневате во искреноста и добронамерноста на една блиска личност. Оддалечете се од изворот на негативна енергија.

Стрелец
Незадоволни сте со ситуацијата на работното место. Меѓучовечките односи се нарушени и тоа ќе ве преокупира и во текот на викендот. Решенијата ќе ги донесете под притисокот на јавноста. Избегнувајте ги истапувањата во јавност и не заплеткувајте се во туѓи проблеми и животи. Не слушајте озборувања.

Јарец
Поголемиот број припадници на овој знак ќе имаат потреба да најдат решение за некои стари проблеми што повторно се актуeлизирале. При донесувањето конечна одлука во врска со вашата емотивна состојба, ќе бидете предизвикани од љубомора.

Водолија
Разговорот со блиските внесува промени во вашиот дом. Ќе се смени односот на силите во вашата интимна врска. Различните вкусови и спротивставени интереси креираат напнатост, која ќе биде продуктивна. Потребен ви е одмор. Резервирајте време само за себе.

Риби
Расположението ќе ви се менува од час во час. Во еден момент ќе сакате едно, а веќе во друг, нешто сосема трето. Во љубовта можете да добиете повеќе одошто барате. Лажната скромност би можела непотребно да се сврти против вас. Бидете подиректни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>