Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (18.09.2021)

Овен
Одличен среќен ден и неколку потоа, значи и викендот, еден куп мали ситни случувања кои и го прават живото убав. Најмногу во врска со вашата јавност, дружења, покажувања, прикажувања, веднаш потоа некакво делење на заеднички радости и задоволства со партнерот, одлични комуникации, луѓе не ќе можат да ве препознаат од љубезност и оптимизам. Подразбирате, се надевам, дека ова не се однесува на оние од вашиот знак кои биле тумруци во последниот месец, па ненадејно да се “разубават” во расположението.

Бик
И за вас денот ќе биде и повеќе од солиден, ако сте од оние личности од овој знак кои не се претерано обземени со себе, своето его и суета, со своите постигања и парите. Значи ако не сте, велам претерано, полето на јавноста и партнерствата силно изразено со сите бенефити на располагање, финансиското поле секако одлично, со можности барем денес за убави случувања, ако не и во наредните неколку дена што го подразбира таков и викендот. Одлични односи на партнерски план.

Близнаци
Вие не сте исклучени од случувањата во зодијачкиот циркус кој е прилично весел и среќен, но ако сте подготвени таквите чувства да ги споделите со партнерот, односно поради некакви случувања во врска со него. Ако не сте среќни поради неговите убави случувања, тогаш би требало да си ставите прст на чело и да се запрашате што мајка барате со таа личност и што си го арчите времето бадијала. Но можности има за нешто и за вас, а тоа доаѓа од јавниот сектор или вашата јавност, некоја убава информација, пофалба.

Рак
Аспектот за денес кој вас најмногу ве засега е односот на Месечината и Сонцето, а тие се во бенефитен убав мек аспект што подразбира склад на телото и душата, подеднакво задоволување и на чувствата и на егото, доста среќа притоа, која вас ненадејно ќе ве заплисне, ако сте во “потрага” по нов партнер, чувства, дружење. Ваквите тенденции не се само денес туку и неколку дена интензивно потоа. Имате убави моменти петоков со деца и можете да се препуштите на некоја од вашите омилени забава, пасии. Убаво би било да го правите тоа заедно со нив.

Лав
Можеби утрото нема да ви ветува многу, но од 10 часот работите можат драстично да се сменат на подобро, на повесело, на поубаво по вас. Некаква информација може да придонесе да почувствувате сатисфакција, но и пријатни чувства, а после пладнето, кога започнува викендот и доста среќни околности на социјален план кој не само во петокот, туку и во саботата па и неделата ќе бидат исклучително активни и динамични. Во петокот и планот на финансиите ви е добар.

Девица
Денешниов ден за повеќето знаци има убава конотација, за некој повеќе за некој нешто помалку. Вие сте во втората група, но мислам дека нема да бидете разочарани бидејќи убавиот аспект и тоа прилично значаен и бенефитен што е силен и за време на викендот ви овозможува позитивни бенефитни влијанија на полето на финансиите, нормално поврзано со деловниот план, можностите за професионално остварување. Дури и ако имате некаков застој на овој план, можни се подобрувања што секако значи некој денар повеќе во вашиот паричник.

Вага
Би рекол дека сте еден од ретките знаци на кој бенефитниот однос на Венера и Јупитер дебело ќе делува и на вашиот знак, а тоа секогаш ги забрзува вашите најубави особености со кои сте познати и како знак и како конкретни личности. Транзитот кој е во сила од неколку дена може да ви овозможи ако сакате популарност во вашите кругови, признанија, помали подароци, чувства, посети. Можни се и некакви вести или информации во врска со институции, странство или некакви ваши планови кои имате намера да ги реализирате, а во врска со претходното.

Скорпија
Овој текст би требало да го читаат само скорпиите кои се љубовнички настроени, кои имаат тајни љубовни гнезда или врски, бидејќи се што е врзано за секс, љубов, страсти и се што е на тој план, мотиви или пориви, е одлично, велелепно, неповторливо. Ова се астролошките предвидувања, а сега нормално од вас и вашата слободна волја зависи дали ќе ги остварите ваквите вибрации, дали ќе им се препуштите или ќе ги разгледувате или ќе им барате некаква мана.

Стрелец
И за вас еден извонреден ден и не само тој, би требало и викендот да е таков, иако со послаб интензитет. Социјалниот план, јавноста, партнерствата и дружењата и се што подразбирате и вие и јас под тоа ќе ви биде одлично, потентно забавно, среќно. Од вашата волја и настроение зависи дали ќе им се предадете на ваквите вибрации или ќе аздисувате. На партнерски план и на планот на јавноста некаков голем бенефит, дали поради партнер или поради нешто во врска со него, сеедно.

Јарец
Имате неколку силни аспекти кои потврдуваат дека на деловен, професионален план ќе имате доста убави вибрации, позитивни, среќни околности и моменти, можеби некакви пофалби, посочувања, како пример, или друг вид на бенефити, во секој случај колку што треба денес и неколку следни дена да се чувствувате одлично. И социјалниот план денес ви е одличен, можни се некакви сатисфакции кои ќе бидат охохо за егото, но од тоа би требало и највеќе да се плашите и да го сузбивате. Тренирајте скромност и не препуштајте се на аздиси на суетата.

Водолија
Би требало да ме разберете правилно, имате бенефитен аспект кој го засега вашето поле на среќата. Би ви советувал денес да уплатите некоја од игрите на среќа, но во мали пари. Велам мали затоа што големите покажуваат колку сте алчни, а вие тоа не сакате да бидете нели, а ако треба нешто да добиете и ако синхронизацијата на настаните што ние го нарекуваме среќа ве опфаќа и вас, ќе добиете и со мали пари. Оние кои не им е до игрите на среќа можеби ќе се задоволат со некои нови чувства, среќа или со среќата на децата, со такви чувства на тој план што е можеби и вистинскиот избор.

Риби
Можеби некакви нови случувања ќе ве сторат посреќни отколку изминатите денови, нешто и на домашен план со некого или со вас сеедно, можеби некој ќе ви дојде на гости или пак вие ќе одите кај некого. Од друга страна одлични односи со партнерот, кој има разбирање за вас и вашите потреби, посебно ако сте женски пол. Очекувате ли некаква поддршка за свои намери, цели, таа ненадејно и речиси од никаде ќе ви биде овозможена, ако истите ви се вистински и во нив нема премногу ваше его и суета. Дали има или не, на вас е да процените.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>