Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (01.09.2022)

Овен
Идејата или работата која ја избравте претставува вистински погодок. Обидете се да оставите добар впечаток на вашите соработници. Понекогаш некои мали работи можат да откријат нечија непрофесионалност.

Бик
Некој во вас поттикнува креативна љубопитност и желба за нови сознанија. Прифатете некои корисни идеи кои можат да ја унапредат вашата работно-финансиска соработка.

Близнаци
Средината нема доволно разбирање за вашите креативни идеи и интереси. Сепак, не расудувајте врз основа на првиот впечаток. Во љубовта затишје. Совет – не зборувајте премногу.

Рак
Некој ве наведува на погрешен избор во работната ориентација. Постојат работи кои ги правите во тајност, што дополнително ги отежнува договорите со вашите соработници. Дали е тоа во ред?

Лав
Потребно е јасно да ги дефинирате своите работни цели и да се усогласите со соработниците околу вашите интереси. Тешко се согласувате на компромис, но моменталните услови не дозволуваат да ја спроведете личната волја.

Девица
Постојат некои тешки околности кои изненадно ги комплицираат вашите работни договори. Од вас се очекува разумно и ефикасно решение. Новите доживувања прифатете ги во оптимистички стил и преземете одговорност.

Терезија
Ве интересираат конкретни резултати, но во средбите со соработниците секој заговара стил или тактика која најдобро ја познава. Доколку ви е важно да ги остварите своите приоритетни цели, преземете иницијатива во одлучувачки момент.

Скорпија
Размислете на кој начин треба да ја подобрите својата работна положба. Немате потреба да ги обвинувате другите за своите неуспеси. Ќе имате чувство дека партнерот крие од вас многу работи.

Стрелец
Се обидувате да смислите нови и корисни решенија, но вашата средина нема доволно волја и трпение да ви се придружи. Избегнувајте семејни, но и љубовни расправии. Тие најмалку ви се потребни.

Јарец
Немате причина да се преценувате себеси. Потребно е реално и коректно да се претставите пред вашите соработници. Понекогаш некои обврски претставуваат голем товар, но се’ е одлично кога навреме ќе се заврши.

Водолија
Некој го забавува вашето влијание и ги нарушува вашите работно- финансиски планови. Немате потреба работите да ги доживувате премногу трагично. Размислете за некое соодветно решение.

Риби
Имате лошо претчувство во исчекувањето на некој одговор за работна соработка. Доволно сте паметни, па подготвувате и некои дополнителни решенија. Не дозволувајте другите да ве оптоваруваат со глупости.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>