Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (17.05.2021)

Овен
Реалното оправдување за нешто на што се надевате е навистина дискутабилно. Иако не изгледате како некој што е лесно да се измами, може да станете нечија жртва. Поуспешни сте во филозофијата и уметноста, отколку во занимавањето со бизнисот. На тој план се евидентни чести коцкања проследени со нервози.

Бик
Пред вас е темелна, одговорна и напорна работа. Ќе бидете успешни во уметноста и во оние области на живот што бараат креативност. Погрешните митови за негативните особини на вашиот знак се зад вас, па уживајте во сите животни благодати. Не заборавајте на саканата личност.

Близнаци
Можни се проблеми во комуникацијата со околината или на патување. Бидејќи сте нервозни и несигурни, се обидувате тоа да го прикриете. Доколку некој ве изнервира, ќе реагирате невротично и агресивно. Затоа треба да се чувате од провокации и да работите на зајакнување на нервниот систем.

Рак
Одличен ден за занимавање со оние работи што бараат емпатија и силна интуиција. Доколку со доминантен став сакате да ја постигнете целта, знајте дека во тоа нема да успеете. Само полека и трпеливо, водејќи сметка за моралните норми, можете да ги остварите саканите резултати. Не и дозволувајте на околината да ве задушува.

Лав
Ја чувствувате минливоста на врската и со ексцентрични постапки се обидувате да ја задржите. Не влетувајте во нови љубовни авантури пред да ги расчистите старите прашања. Можни се проблеми од нервна природа, било да станува збор за работата со која се занимавате или за личноста со која ја делите постелата.

Девица
Размислувате за љубовта повеќе отколку што е потребно. Ваквиот став влијае на спонтаноста во меѓусебните односи. Кога е работата во прашање, секогаш сте во право, но на планот на љубовта – ретко. Морате тоа постојано да го имате предвид, зашто само ако ја увидите грешката, можете да успеете.

Терезија
Романтични сте, па сакате во се што ве опкружува да видите нешто убаво. Бидејќи очигледно не успевате во тоа, можни се благи бранови на нервоза. Сублимација на напнатоста побарајте во работата и занимавањето со оние работи за кои сте надарени. Уживајте во сите задоволства.

Скорпија
Размислувате за брак, љубов, потомство. Дали го правите тоа на вистински начин? Некој влијаел на тоа тензијата да порасне на тој план. Штетата од негативното чувство ја имате првенстевно вие, зашто со своите чувства ги уништувате нервите. Бидејќи постои опасност од повреди и несреќи, бидете внимателни.

Стрелец
Имате впечаток дека многу работи не ви одат од рака. Не паничете, зашто кога некоја врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Доколку се нервирате поради другите, грешите. Свртете се кон себе и обидете се да ги намалите активностите. Повеќе одморајте се и читајте.

Јарец
Слободните мигови ги минувате занимавајќи се со хоби. Во очекување на радосни вести и веселби, правите се за да изгледате поубаво. Обновете ја гардеробата. Ќе ви биде понудено привлечно вработување. Бидејќи ќе морате со некого да соработувате, размислете за тоа колку сте подготвени за несебична размена на информации.

Водолија
Доколку не сте забележале или не сте сакале да ја забележите злонамерноста на опкружувањето, проблемот е ваш. Ви се советува да се занимавате се со уметност, размислувајте позитивно и бидете внимателни за да не западнете во слична непријатна ситуација.

Риби
И понатаму сте свртени кон докажување на сопствените вредности, што е компензација за чувството на отфрленост. Колку во тоа има вистина, а колку сте ранливи и пречувствителни? Од се по малку, но работата е идеален начин да не се нервирате и во исто време да ја повратите вербата во своите квалитети.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *