Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (16.07.2021)

Овен
Поволните услови покажуваат дека вашите стравувања беа неосновани. Добивате јавно признание за вашиот труд. За парите и да не зборуваме. Планирате деловно патување.Многумина од вас се во фантастична емотивна врска. Иако кај вас не се знае кој кого поддржува, важно е дека одлично функционирате во тандем. Олабавете се и уживајте.

Бик
Идната недела ќе имате многу обврски, но и успеси. За да ја остварите саканата цел, мора навистина да се потрудите. На работа ќе биде евидентен успехот и покрај тоа што морате константно да се борите со лица кои не дозволуваат да дојде до израз вашата креативност.. Отворени сте за сите убави работи, па и за љубов. Сакате нешто ново и возбудливо.

Близнаци
Овие денови ќе ги покажете своите филантропски особини и ќе правите само добри дела. Сфативте колку бевте себични. Решивте да се промените. Се чувствувате интелектуално супериорно, па ви сметаат луѓе кои само ви приговараат. Знаете дека само ви одмагаат и дека не се дораснати на ситуацијата. Закрепнувате од боледување. .

Рак
Клучниот збор на идната недела е благосостојба. Чувајте се од здодевност, бидејќи ги остваривте вашите идеи, па може да ве убие монотонијата. Деловниот успех е придружен со значајна финансиска заработка. Станува збор за нешто за што сте предодредени. Ако не ви успева нешто, тогаш значи дека некаде грешите.

Лав
Благодарение на вашата лична сила и на мудроста, владеете со ситуацијата. Се навестуваат нови деловни чекори. Не се случува ништо конкретно, но ќе се случи, бидејќи добро го разработивте планот. Засега стрпете се. Многу припадници на знакот се полесно настинати. Треба да ги промените вашите животни принципи.

Девица
Одлучни сте во настојувањето да ги преминете проблемите што ви стојат на патот. Поседувате енормни количества енергија, така што можете да се изборите со деловните обврски. Владеете со ситуацијата. Внимавајте на повреди од небрежност. Можни се главоболки поради промени на времето.

Терезија
Ситуацијата се менува од корен. Бевте потиштени, но сега не можете да се препознаете самите себеси. Одлично сте расположени и полни сте со оптимизам. Иако сте задоволни од моменталната работа, размислувате за нов извор на приходи. Парите никогаш не ви се доволни. Ви одговара сe што е поврзано со уметност и со комуникација.

Скорпија
Промената што се случува е само природна последица на околностите. Ќе имате среќа во несреќа, а за тоа нема да бидете ни свесни. Финансискиот губиток е неминовен резултат на погрешните инвестиции. Зошто мислите дека сите се против вас? Многу луѓе од вашето опкружување силно ве поддржуваат во тоа што го правите, само што вие не сакате да го видите

Стрелец
Пречувствителни сте – со причина или без причина. Околината ви го пренесува расположението и ако сакате да се чувствувате добро, одберете со кого се дружите. Не е пожелно да ги обвинувате другите за вашите деловни неуспеси. Внимавајте околу лагите и лицемерството, кои се присутни на работа.

Јарец
Се наоѓате во подобра состојба отколку обично. Ве удри бран на оптимизам, па имате чувство дека ви падна камен од грбот. Добро се чувствувате, многу сте расположени. Финансиската добивка ви го подобрува расположението. Многу сте креативни, па ќе имате успех во сите работи поврзани со уметноста.

Водолија
Во зависност од околностите потребно е да имате многу такт и смисла за дипломатија, но очигледно ги немате. Ќе бидете актер на прослава, а следуваат и некои пријатни случувања. Завршете ги работите кои ви се мачни и кои бараат дополнителна сила. Пред вас е финансиска добивка и успех во професијата со која се занимавате.

Риби
Идните денови ќе уживате во сопствените идеи и ќе им се радувате на животните услови. Склоноста кон хедонистичко однесување е засилена. Во фаза сте на материјално стекнување и размислувате за тоа како да се збогатите. Решивте да ги засукате ракавите. Ѕвездите навистина ве поддржуваат. Имате чувство дека живеете многу поздраво.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *