Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (05.07.2023)

Овен
И понатаму забележувате успеси. Сакате околината да ве цени не само поради парите туку и нешто повеќе. Мора да внимавате. Влеговте во поволен период во однос на прашањето за јавната работа, така што никогаш нема да останете незабележани. Опасноста е во вид на ароганција.

Бик
Многу осамени Бикови конечно ќе ја сфатат предноста на животот и брачната заедница. Доколку не ги легализирале врските, еве можност. Ако овие неколку дена склопите брак, шансите да имате корист од таа врска се огромни. Се што се однесува на суд и потпишување договори е поволно овој период.

Близнаци
Сфаќате дека единствено менувајќи го амбиентот можете со успех да закрепнете од стресот што го потиснувате. Планирајте патување. Сознанието дека на некои работи тешко можете да влијаете ве доведува до очај. Обидете се во друштво на ваши истомисленици да заборавите на проблемите.

Рак
Влеговте во нова работа, тука до израз доаѓаат вашите организаторски способности. На извесен начин и емотивно ќе се средите. Со своето задоволство влијаевте на семејните односи. Партнерот веќе подолго време има забелешки за вас.

Лав
Моќта на концентрацијата е засилена, па искористете ја на вистинскиот начин. Работете работи за кои до вчера мислевте дека се невозможни. Успехот ќе дојде, а со самото тоа и задоволството. Нема ништо лошо во тоа да сте задоволни од самите себе. Партнерот ви задава маки.

Девица
Поволен период за оние кои се занимаваат со право, филозофија или учење на странски јазици. Во овие области со минимален напор ќе постигнете максимални резултати. Иако сте практични, лесно запаѓате во ситуации што ја блокираат оваа ваша особина.

Терезија
Проблемот е во тоа што не знаете што сакате кога се во прашање бракот и љубовта. Свртете се спрема уметноста и светот на фантазијата. Можеби таму ќе најдете нешто за себе. Реалноста не ветува многу, но, сепак, тоа е реалност. Доколку ги одложите емоциите и се свртите спрема работата и разумот, ќе имате успешен ден.

Скорпија
Полни сте со оптимизам придружен со јака волја да го завршите она што сте го започнале. Морате да ја коригирате зголемената доза егоизам, посебно во однос на партнерот. Зар не забележавте дека се обидува да се оттргне од вашата контрола, како што вие се оттргнувате од неговата.

Стрелец
Слободното време го поминувате во добро расположение, не сте свесни за себе и за своите вредности. Тоа ве држи, само прашање до кога? Успехот нема да изостане. Повеќето припадници на овој знак завршуваат со успехот на одамна започнати проекти. Нова љубов.

Јарец
Влеговте во период кој е одличен за стекнување материјални и духовни вредности. Некои ќе им дадат предност на првите, но ќе има ситуации во кои на ексклузивен начин ќе ги трошите стекнатите материјални нешта. Во однос на прашањето за парите, одите од крајност во крајност – или штедите или расипувате.

Водолија
Решавате семејни и имотноправни проблеми. Потребата за сигурност од материјална природа моментално е нагласена. Несигурноста и нерасположението вешто го криете. Не сакате никој околу вас да создаде впечаток дека сте слаба и неуспешна личност.

Риби
Работата и учењето се единствени сегменти од животот кои ги држите под контрола. За почеток не е лошо, наскоро ќе воспоставите хармонија со партнерот. Бидејќи тоа зависи само од вас, штом ќе се ослободите од обврските, свртете се спрема поубавата страна на животот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>