Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (15.06.2021)

Овен
Вложувате дополнителна сила за да започнeте нов потфат, а стимулиравте и материјален момент. Можеби сте задоволни, затоа што контактирате со странство. Моментално влеговте во одличен деловен период, додека емотивниот живот по малку трпи. Не може да имате се!

Бик
Иако соработниците се обидуваат да минираат некои ваши идеи и чекори, тоа нема да им појде од рака. Само ќе ве изнервираат и ќе го засилат кај вас чувството дека сте спречени во нешто. Избегнувајте дружење со многу луѓе одеднаш, шетајте и релаксирајте се повеќе.

Близнаци
Разумни сте, деловно ориентирани. Продолжете со тоа темпо и ќе видите дека се ќе биде прекрасно. Со Стрелците добро функционирате. Прифатете соработка со Девиците, тие нудат конструктивни предлози. Здравјете може да ви биде малку загрозено.

Рак
Не губете ја силата на нешта врз кои многу слабо можете да влијаете, бидејќи така ќе се нервирате. Бидејќи вашата имагинативна моќ денеска е нагласена, занимавајте се со уметност и со работи за кои е неопходна имагинација. Оние попрактичните може да имаат проблеми.

Лав
Бидејќи сте многу надарени, надевајте се на успех. Работата е под контрола. Наскоро ќе се појави и сакано лице. Посветете му внимание на афективниот живот. При решавањето на финансиските проблеми треба да тргнете од себе. Фокусирајте се на емотивниот живот.

Девица
Ситуацијата бара одлучно дејствување, ненадејно приспособување на животната ситуација и многу емотивни реакции. Во нешто вложувате дополнителен напор, но сето тоа ќе ви се исплати. Продолжете со ова темпо, но со помош на Водолија и на Стрелец.

Терезија
Уживате во убавите работи, добрата храна, друштвото и облеката. Иако со тоа умеете максимално да се снајдете, сепак, не претерувајте. Бидете внимателни со слатката храна, бидејќи од неа страдаат и забите и крвните садови. Акцентот е ставен на хармонијата во емотивниот живот.

Скорпија
Свртени сте спрема работата, филозофските теми, патувањата, додека по малку го запоставивте приватниот живот. Се двоумите околу патувањата и новите работи. Бидејќи со успех ги совладувате препреките, на крајот на денот се очекува подобрување на расположението.

Стрелец
Подготвени сте за уживање и забава, денот поминете го во добро расположение. Ќе ви се понуди деловно унапредување. Иако остварувате деловни успеси, не можете да се пожалите ни на емотивните. Посебна радост добивате од партнерот и од луѓето што ви значат.

Јарец
Ги нема тие работи што не можете да ги решите на најдобар можен начин. Сакате да се ослободите од напнатоста, одлучувајќи се за брза и одлучна акција. Иако ситуацијата не е лесна и не ветува многу, тоа и не ви пречи со неа отворено да се борите.

Водолија
Одлично се чувствувате, весели сте и разиграни. Ве очекуваат моменти на блажество, ќе успеете во целост да им се предадете на ваквите моменти. Деловните успеси и годат на вашата суета, а емотивните успеси, пак, уште повеќе. Запомнете го овој ден, наскоро нема да имате слично искуство.

Риби
Не сте во дилема. Се соочувате со суровата стварност. Трезвено размислувате, јасно знаете што сакате, а наедно сте свесни за фактот зошто тоа не го остварувате. Извонредно функционирате во тим, па се советува таков тип на работа. Во емотивната врска сте себични.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *