Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (12.05.2022)

Овен
Нагласени се естетските особини. Многу припадници од овој знак на коишто уметноста им е во крвта, ќе успеат да ги добијат своите желби, бидејќи, секогаш го остваруваат зацртаното. Ќе уживате во секојдневните мали радости, но и во љубовта.

Бик
Нестрпливоста се должи на чувството дека вашата емотивна врска од ден на ден станува се понесигурна. Безпотребно го туркате партнерот од себе, но и тој вас. Многу нејаснотии од вашиот заеднички живот ќе бидат решени. Можеби тоа нема да одговара некому?

Близнаци
Доколку се најдете во расчекор помеѓу тешки работни обврски и најразлични проблеми, знајте дека ќе бидете повеќе од успешни. Иако најчесто превземате сопствена иницијатива, нема да смета ако контактирате со пријателите и колегите кои ви значат.

Рак
Разрешувате најразлични ситуации ставајќи ги пријателите на своето место. Кога ќе се постави прашањето кој колку дал и сработил, најдобро е на сите да им го свртите грбот. Тоа е сигурен знак дека партнерско-пријателските односи се проблематични. Проблемите во комуникацијата имаат подлабоки корени.

Лав
Имуни сте на конфликти. Упорно бегате од било каков проблем, а непрестајно делите совети на пријателите и колегите. Всушност, барате помош која изостанува. Околината ќе ве остави на мира доколку дадете иницијатива за решавање на битните проблеми кои ве засегаат.

Девица
Соработниците минираат некои од вашите идеи, но тоа не е причина да не ги остварите. Бидејќи сте ненаметливи, а упорни, успехот ќе биде на ваша страна. Се поставува прашањето дали сето ова вреди. Кога подобро ќе размислите, може да се крене безпотребна бука.

Терезија
Планови, проекти, нов пристап кон старите проблеми. Постои можност да направите збрка. Престанете прекумерно да размислувате за вашата иднина. Уживајте во сегашноста и почнете да планирате некое патување со партнерот.

Скорпија
Задоволни сте со постигнатите резултати. Успехот ве стимулира за да почнете со планирање на иднината. На сугестивен начин ја убедувате околината за своите идеи. Имуни сте на туѓите желби и совети. Примајте повеќе витамини, можна е мала настинка.

Стрелец
Пред вас е успешен ден, под услов да ја насочите цела енергија кон работните обврски. Не пропуштајте прилики, посебно ако се работи за договори и финансиски трансакции. Наоѓате време за се она што сакате, па дури и за рекреација. Партнерот се чувствува малку запоставено. Водете го на некое пријатно место.

Јарец
Од некому сте очекувале премногу. Откако ситуацијата спласна, очигледно е дека се преценивте себеси и другите. Потребата за љубовта е изразена, но вашиот вроден срам причинува никој да не ја примети, посебно онаа личност за која сте загреани.

Водолија
Генерално добро се чувстувате, но и прилично неповрзано размислувате и се наоѓате на сосема погрешен пат кога е во прашање непријатноста наметната од околината. Сакале или не, морате да се прилагодувате на новите животни услови.

Риби
Морате да бидете практични и реални доколку сакате да опстанете. Пробајте да не ја чувате во себе неразумноста која ви се наложува. Карајте се, ќе ви биде полесно. Така ќе ги отргнете од себе психосоматсите тегоби. Отворено поразговарајте со партнерот за вашата врска.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>