Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (10.12.2021)

Овен
Околностите се погодни за зближување со лицето што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето заклучоци држете се до фактите.

Бик
Ништо не оставајте му на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки. Обидете се да се наметнете со своите идеи.

Близнаци
Ситуацијата ќе се менува од ден на ден. Вашиот партнер ќе наидува на проблеми во желбата да ве усреќи. Една работа ќе се искомплицира. Некој нема да забележи каде грешите, затоа потрудете се да останете смирени, но и трпеливи.

Рак
Обидете се малку повеќе да мислите на себе, а помалку да се заморувате со ставовите на другите луѓе. Можно е минливо незадоволство со моменталниот работен статус. Ослободете се од негативните мисли и бидете поолабавени. Внимавајте на заштедата.

Лав
Може да се каже дека сте во елемент. Вредно работите, но резултатите се’ уште не се видливи, барем кога станува збор за парите. Затоа како по обичај ве фаќа паника. Што се однесува до сигурноста и стабилноста на нервниот систем, не грижете се, се’ е во најдобар ред.

Девица
Пред Девиците е пријатен ден. Не мора многу да работите, а време за муабет ќе имате премногу. Никој како припадниците на овој комуникативен знак не умее така слатко да пренесува трачови, па затоа воопшто не им се забележува. Партнерот по којзнае кој пат ви ја докажува љубовта.

Терезија
Се чувствувате феноменално благодарение на успешно завршениот проект, поради што бевте во исчекување. Ве очекува напредок во работата со која се занимавате и успех поврзан со склучување договори. Не откажувајте се од нив, па макар и да се брачни.

Скорпија
Контролирајте го својот однос и однесување спрема партнерот, зашто ќе ве мачи љубомора. Ќе ви се разнишаат некои деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Кажете им „не“ на пороците и лошите навики. Свртете се кон себе.

Стрелец
Многу припадници на знакот доживуваат незаборавни моменти со саканото лице. Се наоѓате во ситуација да фантазирате и да бидете наклонети само кон убави работи. Кога ќе излезете од таа фаза, ќе ви биде тешко да се навикнете на реалноста.

Јарец
Бурата стивнува и се трудите да се смирите. Доколку никој не го загрози вашиот личен интегритет, тоа и ќе успее. Нема да бидете во ситуација да ги провоцирате другите, но затоа тие ќе си играат со вашата трпеливост. Доколку се опаметивте, нема да успеат, до вас не допираат нивните интриги.

Водолија
Воздржете се од љубовната акција. Би можеле погрешно да ги процените околностите. Работата ќе ве ослободи од напнатоста и од негативната енергија. Не влегувајте во илегални активности. Ослободете се од напнатоста и нервозата. Вложете во образованието.

Риби
Доколку ги совладавте препреките, може да очекувате нормален ден. По малку сте глуви за совети отстрана, почнете да учите од своите грешки. Потрудете се нормално да функционирате во партнерско-брачните односи ако сакате да ги намалите нервозите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>