Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (10.01.2022)

Овен
Успешно ги остварувате идеите, а притоа не мора да се осврнувате на никого. Во целата приказна вие сте на удар на разни трачеви и незгоди. Овните мора да се учат на трпение, ослушување на туѓите потреби, а, пред се, да сфатат дека не се сами на светот. Ова последново е најважно.

Бик
Тема на денот е љубовта. Романтично сте расположени, смислата за уметност е силна, а планетите се насочени токму така. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Ако се насочите само на партнерот, незадоволството е неминовно. Тоа по малку и ги комплицира работите.

Близнаци
Ниту еден план денеска нема цврста основа, па не надевајте се на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател. Дружете се со Ракови, само не оптоварувајте ги.

Рак
Навредени сте за секоја ситница. Мислите дека околината не ве сака и дека сите се свртени против вас. Бидејќи ставот е субјективен, најдобро е да се повлечете и на мир да ја анализирате ситуацијата, која во меѓувреме се искомплицирала. Кога работите не одат како што треба, пожелно е да се прекинат.

Лав
Работата е во втор план, а не сакате да мирувате, па се насочувате кон љубовните проблеми, под услов да ги имате. Бидејќи оној што ве интригира тоа го прави суптилно и дозирано, многу се нервирате. Помладите припадници на овој знак моментално се во фаза на голема вљубеност.

Девица
Иако се евидентни застоите во работата и финансиските доцнења, тоа не ве спречува да го одржувате саканото темпо. Работите во свој стил, трпеливо и педантно. Загрижени сте поради промената на статусот и решавањето на семејните проблеми. Се колебате меѓу повеќе понуди. Најдобро е да почекате работите да стивнат.

Терезија
Романтично расположените Терезии може да бидат во добра состојба ако си дозволат работи што ги сакаат. Во спротивно, незадоволството од материјалната ситуација лошо ќе влијае на здравјето, па постои можност дури и за дијабетес и вишок килограми. Избегнувајте ги финансиските трансакции.

Скорпија
Доколку не се чувствувате најдобро, ослушнете ги потребите на организмот и ублажете го темпото. Штом сте во форма, не знаете како да запрете. Влетувате страсно во секоја со која ќе се фатите, па здравјето може да страда. Денеска е барем така. Затоа ви се советува одмор и занимавање со луѓе и нешта што ќе ве релаксираат.

Стрелец
Многу припадници на знакот се во фаза на менување на работата и креирање партнерски односи. Сепак, почекајте со почетоците. Нема што да изгубите. Кон крајот на месецов сите аспекти ќе бидат поповолни, а бизнисот далеку поуспешен. Со Близнаците се можни судири на мислењата.

Јарец
Иако сте срамежливи во контактите со околината, знајте дека вината лежи во вас. Последиците што датираат од раното детство сега стапуваат на сцена. Морате постојано да се борите со минатото, зашто ако ги запуштите работите, може да биде доцна.

Водолија
Доколку спиете лошо, чувствувате замор и незадоволство, размислете за тоа колку време минувате во прошетки на свеж воздух. Спортските активности и движењето ќе ви помогнат да ја надминете состојбата на депресија и хроничен замор. Партнерот по малку ви бега од контрола.

Риби
Романтичните Риби ги минуваат слободните мигови во прегратката на саканото лице. Доколку сте успеале да ги отклучите емоциите на партнерот и во отворен разговор да сфатите дека сте биле емотивно заслепени, се ќе биде в ред. Во спротивно, вие сте на погрешен пат. Времето е идеално за занимавање со уметност и со омиленото хоби.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>