Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (09.07.2021)

Овен
Заострената деловна клима влијае поттикнувачки во одлучувачките ситуации. Упорно се обидувате да се наметнете пред лицето кое многу добро ве познава. Изгледате таинствено и сакате да освоите нечие емотивно внимание. Препуштете им на соработниците да одлучуваат за заедничките интереси.

Бик
Направивте добра процена, потребно е да ја докажете својата умешност во остварувањето на некои практични цели од заеднички интерес. Некој се обидува да ви го сврти вниманието во погрешен правец, нека не ве оптоваруваат различните коментари. Се обидувате да го заобиколите воспоставувањето на веќе воспоставените правила .

Близнаци
Сакате да придобиете нечија доверба или поголема наклонетост во деловните кругови, затоа дејствувате многу промислено и внимателно. Информациите со кои располагате не претставуваат гаранција за успех, но имате добар интуитивен сигнал кој ве наведува на правилно решение.

Рак
Се наоѓате во добра психофизичка форма, вашите соработници очекуваат да дејствувате успешно или над просечната мера. Ви импонира сознанието дека околината има доволно доверба во вашите професионални способности. Добрата деловна стратегија и прецизните потези претставуваат гаранција за долгорочен успех.

Лав
Изгледате многу амбициозно, не сакате некој да ги попречува или да ги забавува вашите планови. Вложувате голема енергија во различни цели и не дозволувате некој да го критикува вашиот начин на работа. Наместо да го фаворизирате натпреварувачкиот однос со соработниците, приспособете го својот стил и не влегувајте во финансиски ризик.

Девица
Преокупирани сте со размислувањето за новите деловни планови или за натрупаните обврски што ве следат. За жал, не можете да се пофалите со добра комуникација во кругот на деловните партнери. Понекогаш можете да преземете деловен ризик во согласност со зададената ситуација. Потребно е да се определите за корисни цели што ќе ви овозможат подобри професионални услови.

Терезија
Изгледате многу амбициозно и сакате да остварите многу деловни успеси на различни нивоа. Соработниците имаат доверба во вас и во вашите професионални способности. Снаодливоста со финансиите ви ветува добар профит или некој вид материјална добивка. Заинтересирани сте за нова деловна понуда која подразбира проширена соработка.

Скорпија
Способноста на доброто забележување и одличната концентрација ви помага да ги остварите своите деловни цели. Важно е да ја поттикнувате креативноста и идеите, ве очекува заедничка добивка и можност за обновување на некои деловни договори. Во зависност од личниот интерес или мотивација, избирате варијанта што ви носи најдобри резултати.

Стрелец
Сакате да остварите нови или корисни цели на различни страни. Важно е да обновите некои деловни контакти и да му се приклучите на тимот соработници за кои ве врзуваат слични професионални интереси и визии. Доколку сакате да го зачувате добриот рејтинг, здружете ги своите интереси со интересите на доверливите соработници.

Јарец
Премногу сте горди за да одговорите на проблемите што ве спречуваат на каков било начин непотребно да ја отежните својата позиција. Прифативте премногу обврски кои почнуваат да ве заморуваат. Ви се допаѓа нечие внимание и комплименти, новите средби влијаат на вас поттикнувачки. Доживувате нова емотивна блискост во односот со саканото лице.

Водолија
Се однесувате претенциозно и имате впечаток дека се наоѓате пред остварување на важни деловни цели. Поради лошите деловно-финансиски процени, ве очекува привремена фаза на стагнација и некои дополнителни обврски. Важно е правилно да ги дефинирате своите професионални способности.

Риби
Сакате да остварите некои нови деловни контакти и важни цели. Потребно е да оставите добар впечаток при средбата со соработниците. Од вашето заложување и од дипломатските манири зависат конечните резултати. Побарајте нечија интервенција при решавање на деловните, материјалните или проблемите со недвижнини.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *