Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (08.07.2022)

ОВЕН
Правите правилен пресврт во професијата. Благодарејќи на искуството и познанствата, успекот е неизбежен. Бидејќи се наоѓате во состојба на пречувствителност и зголемена интуиција, искористете го тоа на вистинскиот начин. Внимавајте што потпишувате.

БИК
Со партнерот сте во хармонија, со родителите и пријателите исто така. Емотивноста е изразена. Нагласена е приврзаноста кон домот и семејството. Потребата за некого да се грижите исто така е нагласена. Кон партнерот се однесувате родителски, што нормално го нервира.

БЛИЗНАЦИ
Зрачите со љубов, среќа и хармонија. Се чувствувате сакано, а за тоа треба да му се заблагодарите на партнерот, кој ве опсипува со нежност. Причината за доброто расположение не е само љубовта туку и почеток на нешто од што порано се плашевте.

РАК
Од каде толку голема љубов кон работата? Се е во знакот на работата и правењето планови врзани за тој сегмент на животот. Веројатно е тоа областа од животот која ја држите под контрола. Кога се работи за нешто друго, помалку сте успешни, а повеќе несигурни.

ЛАВ
Доколку копнеете кон необични нешта. ќе ги добиете. Ви годи дружење со уметници и боемска атмосфера. Ситуацијата се искристелизира. Знаете на што сте. Решавате се што е проблем, многу лесно. Соберете сила за новиот бран на случувања. Флерт со Стрелец лесно може да порасне во сериозна врска.

ДЕВИЦА
Се фаќате во коштец со големите предизвици и потфати. Успешно ги решавате, па нема причина за нервоза. Благодарејќи на превземачкиот дух, надевјте се на најдоброто. Пожелно е да се биде рационален по прашање на физичкото преоптеретување.

ТЕРЕЗИЈА
Ќе бидете во ситуација некому да му направите услуга, што повеќекратно ќе ви се исплати. Иако не поаѓате со пресметки, добро со добро се враќа. Интуицијата е засилена, уживањето во музиката изразено. Во добро расположение сте и во склад со самите себе.

СКОРПИЈА
Имавте прилично бурни моменти или барем така ги доживеавте. Нервозите се за вас. Сега сте во фаза на краток одмор и регенерација. Обидете се да ги нормализирате односите не само со партнерот туку и со поблиската околина.

СТРЕЛЕЦ
Љубов и пријатни изненадувања ги прават интересни наредните моменти. Една личност постојано ве напаѓа. Никој не се сомнева дека ќе го прифатите предизвикот и ќе тргнете во љубовно освојување. Уште ако се работи за Бик, пријатните изненадувања се на претек.

ЈАРЕЦ
Подобро е вие да правите услуга и да помагате на другите одколку да биде обратно. Денес сте во таква ситуација. Нека не ве изненадат зголемената интуиција и интерес за окултни теми. Иако меѓу вас има и бизнисмени, тие се многу ретки, како и да е, овој пат навистина ги сакате парите.

ВОДОЛИЈА
Во прв план ви е заработувачката. Вложување во разни берзански трансакции повеќекратно ќе ви се исплати. Полни сте со сила, па се занимавате со физички активности. Бидете внимателни. Морате да вложите максимум.

РИБИ
Имате чувство како камен да ви паднал од срце, бидејќи повеќе не зависите од љубовните импулси, па можете нормално да дишите. Соберете сила за новиот налет на емоции, кој ќе биде многу поинтензивен од претходниот. Личност во знакот на Водолија само ќе се обиде да ве испровоцира.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>