Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (05.05.2021)

Овен
Иако имате успех на повеќе страни, треба да ставите акцент на љубовта и сета своја енергија да ја насочите кон неа. Доколку сте во врска или брак, ве очекуваат незаборавни моменти со партнерот, а доколку се’ уште сте сами, може да се надевате на фатална средба.

Бик
Чувствувате потреба да ја докажете сопствената вредност. Надевајте се на успех. Амбицијата е изразена, па може да добиете унапредување. Пријателите на кои најмалку се надевавте ќе ве поддржат. Уживајте во моментите поминати со партнерот.

Близнаци
Одличен период за успех во сферата на филозофијата и правото, но и за патување. Наклонети сте на сериозен пристап кон овие области, затоа ве очекува успех. На моменти може да ве обземе бран на непрактичност, затоа потрудете се да не претерувате.

Рак
Почитувајте ги барањата на организмот. Тој ве потсетува дека сте уморни. Осаменоста ви е пријатна, па доколку сте во можност, обновете ја енергијата и ќе бидете како преродени. Прошетки во природа, добра книга или филм можат да ве релаксираат.

Лав
На околината и’ изгледате привлечно што не значи дека треба да претерувате со желбата за доминација и мудрување, бидејќи тоа никој не го сака. Пред вас се многу пријатни случувања што на прв поглед не ветуваат многу. Внимавајте на исхраната.

Девица
Многу работи постигнувате на својствен дипломатски начин. Доколку се најдете во непријатна ситуација, нема да бидете сами. Ќе присуствувате на јавен собир или, пак, ќе се најдете во ситуација да почнете многу позначајна соработка од очекуваното.

Терезија
Заморот и лошата здравствена ситуација влијаат на хроничните проблеми. Не се форсирајте, потрудете се да го правите она што не ве заморува. Не оптоварувајте се со глупости и уживајте во малите работи. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук.

Скорпија
Доколку сакате добро да се чувствувате мора да обрнете внимание на правилната исхрана и на уредниот живот. Размислувајте за да се занимавате со спорт. Не откажувајте се од ништо ако сакате да успеете. Ве очекува интересна средба.

Стрелец
Конечно може да земете здив. Активностите околу некое патувања ги завршувате. Доколку сметате дека треба да им помогнете на блиските, направете го тоа, но не мешајте се премногу. Насочете се кон себе ако сакате да бидете задоволни.

Јарец
Интуицијата е изразена, но и нервозата доаѓа како придружен дел. Се’ што е добро има и лоши страни. Релаксирајте се ако сакате да ги решите проблемите со нервите. Не треба да дозволите ништо да ви го расипе расположението.

Водолија
Сериозни сте и одговорни, бидејќи околностите тоа го бараат од вас. Околината конечно се увери дека може да смета на вас иако изгледате малку несериозно. Првиот впечаток може да излаже. Не обрнувајте внимание на внатрешниот немир.

Риби
Исклучително успешен и креативен ден. Што и да посакате ќе го направите лесно. Водете сметка да не претерате со фантазирањето, во тој случај ќе ја изгубите сигурноста. Внимавајте, можно е да имате проблеми со кожата, како алергии.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *