Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (05.01.2022)

ОВЕН
Деновиве целите ги остварувате многу тешко, па оттука потекнуваат вашите насилни реакции и желба за освета. Ситуацијата воопшто не е сјајна, а начинот на кој се обидувате да ја ублажите е сосема погрешен. Седнете, размислете и најдете некое попаметно решение.
Ќе се најдете во ситуација на промени пропратена со низа добри и лоши аспекти.

БИК
Напорен ден полн со непријатни ситуации. Доколку успеете да се подготвите за овој ден, да се наоружате со трпение и упорност – многу полесно ќе го пребродите. Во спротивно, можни се кавги со партнерот и домашните, нервози и тешки зборови. Не ни помислувајте на инвестиции бидејќи ви претстои загуба.

БЛИЗНАЦИ
Сами сте виновни за тоа што имавте погрешно мислење за некои луѓе. Одлучувате да прометите од корен многу нешта и односот кон некои луѓе со цел да избегнете непријатни ситуации. Новото однесување ќе ви обезбеди терен за сосема нови контакти. Од денешното искуство извлечете поука.

РАК
Комунуикативни сте и пријателки расположени. Бидејќи функционирате со зголемено ниво на разум, за сè и секого имате објаснување и разбирање. Доколку секој ден би биле толку паметни и рационални, каде би ви бил крајот. Бидете претпазливи со припадници од знакот Риби бидејќи многу лесно можат да ве изнервираат. Рибите, едноставно, сакаат да трачаат.

ЛАВ
Среќни сте и расположени, бидејќи максимално прославивте сè што може да се прослави. Доколку не сте заљубени до партнерот до вас, во себе секако сте. Тоа е добар знак, бидејќи се опоравувате од некои минати стресови.

ДЕВИЦА
Некому придавате поголемо внимание отколку што заслужува, па ве поразува фактот дека сте биле на погрешен пат. Кој е виновен? Таа личност или вие? Вината треба да ја барате во себе бидејќи поради лоша проценка сте се нашле во незгодна ситуација. Тоа веќе нема да се повтори. Ви се советува посета на здравствена институција.

ВАГА
Сè што е убаво кратко трае, па горделивиот период е зад вас. Постои уште една работа која ќе се трудите да ја реализирате, а после неа ќе ставите крај на сè. Ќе одлучите повеќе внимание да посветите на својот изглед и здравје. Бидејќи денес не сте во најдобро расположение, обидете се барем малите слободни мигови да бидат убави. Излезете во најблиското кафуле со пријателите.

СКОРПИЈА
Се наоѓате во прекрасен љубовен амбиент кој овие денови ги прави мошне интересни. Сè е во знак на сексот и страста. Доколку ги реализирате намерите од овој тип, ќе бидете како преродени. Во спротивно, ви претстои кавга. Постојат попаметни начини да дојдете до она што навистина го сакате. Затоа бидете малку поитри. Вие и така го можете тоа.

СТРЕЛЕЦ
Успешниот период продолжува. Постигнувате добри духовни и материјални контакти, физички врски и стекнувате заеднички искуства. Радоста сакате да ја споделите со околината. Очекувате јавно признание за вашата работа, но и финансиски добиток. Сè на сè – одличен ден!

ЈАРЕЦ
Вашето расположение зависи од дадениот момент. Доколку некој успее да ве испровоцира, значително ќе ви го расипе денот. И спротивно, може да ви го направи денот мошне интересен доколку успее да ве израдува. Кога подобро ќе размислите, оставате другите да го командаат вашето расположение. Тоа не е добро, вложете сила и сами креирајте си го денот.

ВОДОЛИЈА
Со околината делите и добро и зло. Ова е еден шаренолик ден, па очекувајте сè и сешто. Важно е да сте во добро расположение, силни и друштвени, па со леснотија ќе ги пребродите вознемирувачките моменти. Вториот дел од денот ќе го поминете лудо и незаборавно.

РИБИ
Песимистичко расположение во комбинација со чувства на осаменост. Не ви е воопшто лесно. Но, за ова требаше да размислувате порано. Ова е поволен ден за ретроспектива и анализирање на некои сопствени недостатоци. Поведете сметка за тоа што зборувате наоколу бидејќи може да направите околината да ве избегнува.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>