Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (28.03.2023)

Овен
Мислите дека никој не ве разбира. Проблемот е во тоа што се разочаравте во партнерот. Пред вас е многу работа, а малку помош од него. Сепак, не грижете се, во пресрет ќе ви излезе едно интересно лице.

Бик
Сите одлуки ги донесувате во вистинско време. Бидејќи е изразена потребата за ред, се трудите се околу себе да подредите во одлична хармонија. Работите бараат методичност и трпение.

Близнаци
Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се разочарувања. Размислувате конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате се заснова на физичка привлечност. Не живејте во минатото, свртете се кон иднината.

Рак
Бурните емоции ги насочивте кон пријателите и тоа поради несогласување. Не умеете мирно да реагирате, туку им ја фрлате вистината в лице и ги шокирате. Тоа многу често ви се случува, а не сте свесни кога на другите им е непријатно.

Лав
Оптимисти сте во врска со идните случувања, тие се одлична компензација за чувството на пониска вредност. На крај, ќе имате корист од се. Подложни сте на влијанија на средината, повеќе отколку што е препорачливо.

Девица
Посветете му повеќе внимание на менталното здравје и почнете да размислувате за себе. Работите бараат многу труд, а вие знаете да вложите вистински напор во нештата. Имате премногу енергија.

Терезија
Сите препреки ги решавате успешно. Се занимавате со истражувачка работа и детали, кои бараат темелност, за што вие сте вистински мајстор. Се снаоѓате и околу семејните прашања, не сакате никого да повредите со сопствените чувства.

Скорпија
Во фаза сте на вљубување и потреба за уметничко истражување. Искористете ја поддршката на планетите и тргнете во освојување. Ја остварувате целта и доживувате незаборавни моменти. Кога ќе размислите подобро, нив ги имате премногу.

Стрелец
Уметнички сте ориентирани, емотивно задоволни. Истрајни сте во решавање на деловните стапици, јасно ги согледувате. Скромно ги признавате резултатите, давајќи до знаење дека и другите ви помагале, што е невообичаено за вас.

Јарец
Преокупирани сте со нови интересни содржини. Се обидувате да научите нешто и тоа да го примените во секојдневниот живот со цел подобро да функционирате. Постојано се трудите да ги подобрите животните услови.

Водолија
Не сакате партнерот да ве задушува, па ќе реагирате на најмалиот обид да го стори тоа. Преокупирани сте со пари, така што денешните емоции ќе бидат насочени кон парите повеќе отколку кон саканото лице.

Риби
За доброто расположение причина е љубовта поточно – вљубеноста, популарноста и многу надворешни аспекти на среќа. Со партнерот сте во хармонични односи и ништо друго не ви е важно.

 




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>