Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (03.05.2021)

Овен
Влеговте во период кој одлично одговара за стекнување материјално или друг вид богатство. Некои ќе имаат можност и стекнатото да го потрошат на скапи нешта. Кога се во прашање парите, вие одите од крајност во крајност. Или штедите или трошите и повеќе од дозволеното.

Бик
Исполнети сте со оптимизам и силна волја да го завршите почнатото. Морате да научите да ја контролирате егоистичната природа, особено во однос со партнерот. Кога подобро би погледнале на врската, ќе сфатите дека веќе одамна не ги имате работите под контрола.

Близнаци
Самите на себе сте си најголем пријател. Затоа подобро анализирајте ги сите досегашни постапки, како и оние што ги прават другите, па на тој начин најлесно ќе сфатите кој има право. Можеби понекогаш претерувате со осудувањето на другите, а можеби и немате доволно разбирање и слух за нив.

Рак
Преокупирани сте со луѓе и работи кои ви причинуваат задоволство. Под услов да не претерувате во ништо, ќе постапите во согласност со разумот и интуицијата. Бидејќи денес ќе ви биде изразен шармот, обидете се да се дружите со лица кои позитивно влијаат на вас. Инспирацијата ќе биде поголема од очекуваното.

Лав
И понатаму се гордеете со успехот. Ви значи кога луѓето ве почитуваат и гледаат на вас со восхит. Внимавајте со парите, бидејќи многу лесно умеете да ги трошите кога ги имате малку повеќе. Опасноста од ароганција и препотентност ви стои од сите страни, бидејќи постојат и такви кои не гледаат на вас со голема симпатија.

Девица
Периодот е поволен за оние кои се занимаваат со право, филозофија и изучување странски јазици. Во овие области родените во овој знак ќе постигнат високи резултати со минимален напор. Иако по природа важите за практични луѓе, лесно можете да западнете во ситуација која ќе ве блокира. Затоа бидете дополнително внимателни.

Терезија
Материјалната криза во која се наоѓате влијае на вашиот нервен систем. Имате чувство дека никогаш нема да дојде крај на финансиските проблеми, но грешите. Ѕвездите ве советуваат да бидете трпеливи уште краток период, по што конечно ќе ве огрее сонце.

Скорпија
Многу осамени Скорпии наскоро ќе имаат можност да стапат во нова брачна заедница, која ветува многу. Доколку пак се наоѓате во долга врска, конечно можете да ја финализирате. Што се однесува до работата, тука се’ уште нема промени, што значи дека ќе морате да почекате подобри времиња.

Стрелец
Влеговте во нов бизнис од кој очекувате многу. Во секој случај предност ќе имаат вашите организирачки способности, а тоа ќе ви помогне и подобро да го организирате и емотивниот живот. Иако пред извесен период бевте видно растревожени и неподносливи за околината, сега конечно сте во прав елемент.

Јарец
Бидејќи постојано мислите дека сте незадоволни од вашиот емотивен живот, ќе дојдете на идеја да го изневерите партнерот. Но најверојатно дека тоа нема да го спроведете до крај, бидејќи важите за личности со висок морал. Но, и доколку дојде до тоа, еден од вас сигурно ќе ја напушти врската.

Водолија
Ќе бидете окупирани со решавање семејни и имотно-правни проблеми. Потребата за материјална сигурност ќе ви биде нагласена, додека несигурноста во себе и нерасположението ќе успеете вешто да ги прикриете. Не сакате никој да помисли дека сте карактерно слаба или неуспешна личност.

Риби
Конечно заклучивте дека само со успех можете да ги надминете тешкотиите кои постојано ве потиснуваат во изминатиов период. Можеби е најдобро да испланирате некое патување кое добро ќе ви дојде. Сознанието дека некој се обидува да влијае на вас, може да ве доведе до блага нервоза. Обидете се да ги игнорирате неважните работи.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *