Top
Совршеноста која што ми ја подари тој

Совршеноста која што ми ја подари тој

Голема соба. Полупразна. Мојата соба.
Влегов. Спроти вратата се наоѓаше моето огледало. Огледало пред кое си поминував пола од денот. Огледало каде што ќе можев да си ја видам совршената несовршеност во внатрешноста и надворешноста. Со поглед се измерив целата. Густа коса до раменици, нијанси на кафеава боја. Истакнати густи веѓи. Очите… Очи во кои беше вложена маскара и туш. Добро нашминакни очи. Велам нашминкани. Па да, мора да се најде нешто со кое ке ја прекриеш тагата. Сепак, погледот издаваше. Ако погледнеш подлабоко, ќе видиш скршен поглед кој што бара нешто. Потоа доаѓа руменилото на образите, да ги прекрие патишта на една солза. Црвен камрин-да ги прекрие испуканите усни коишто биле гризани и навлажнувани со солзи цела ноќ. Се гледам себе си. Се прашувам што ми недостига? Зошто не остана тој со мене?

Потоа сфаќам и си велам:
Девојко остави ја надворешноста. Погледни си ја внатрешноста! Можеби таму ке го најдеш одговорот.
Пак се замислувам. Несовршено совршенство во потрага по својот идентитет. Болка во градите која што толку совршено ја нанесе тој. Некои убави сеќавања и ништо друго не можеше да се најде во внатрешноста. Повторно се замислив. Ако гледаме рално, јас сум само едно зрно песок од неговата пустина, „девојка“ со која ја помина ноќта бакнувајќи и прегрнувајќи ја, додека неговите другари се забавуваа. Престанав да мислам на моите сонови. Ја погледнав реалноста и сфатив што ми недостига. Всушност не ми недостигаше ништо… Само што тука беше совршеноста која што ја нанесе тој.

Автор: Мила Димчевска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*