Top
Војната почнува со тебе

Војната почнува со тебе

Војната почнува со тебе. Ги делиш сите моите потреби и стравови како важни и неважни скрипти на биро, поставуваш оска. На него сè уште стои убедливо црвен стикер со дата од првата ноќ заедно. Ги собираш и пикаш црните и белите фигури во мојата табла на приврзаност кон твоите промислени и слободни потези. Во една секунда ме тераш да ставам нишан на тебе, во друга, те пуштам како стрела од лак. Кој знае дали е паметно да се склучи примирје!?

Автор: Горјан Милошевски


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*