Направи песна со вкус на парфем
и празен лист со тежина на реалноста,
невидливи зборови кршливи од секои очи
и скршни од патеката, таму зад аголот.
Дојди!
Таму те чекам јас со букет,
полн со правот на душите во спомен,
и мирис на љубов пред смртта,
со чувствата замешани од мене и тебе.
Па, земи сè во прегратки: песна, букет, зборови,…
и осети ја тежината да сакаш!
Ако си доволно силен да го почустуваш тоа, сакај.
Само тоа!
Без зборови, без песни и букети,
само сакај…
Автор: Даниела Андонова
Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!