Top
Она нешто за љубовта

Она нешто за љубовта

Ех… Го здогледа со своите детски очи и сфати дека беше вљубена во него на прв поглед. Не знаеше што ја чека – насмевка, среќа или солзи и тага. Сите би рекле дека тоа беше љубов затоа што ништо не беше совршено, но тие се сакаа како да е… И сто пати да заминеа еден од друг ќе се вратеа исто толку пати затоа што тоа, сепак, беше љубов. Тој никогаш не знеше што мислеше таа, не ја знаеше секоја нејзина желба, не ѝ ги читаше најубавите љубовни стихови, не ѝ ги подаруваше најскапите подароци. Не беше оној кој ѝ ги продаваше лажните соништа во кои секоја девојка би верувала. Беше еден од оние кои со неа го доживуваше тој еден, вистински сон.

Еден сон од кој едноставно не сакате да се разбудите, еден сон кој едноставно не сакате да заврши. Тој беше оној кој секогаш верно ѝ ја крадеше насмевката на лицето, ја држеше силно за нејзината рака, ја прегрнуваше кога ѝ беше тоа најпотребно. Знаеше љубоморно да ја чува од сите туѓи погледи кои ја пратеа. Секогаш кога стануваше збор за неа беше себичен. Сакаше само на него да му се насмевнува, само него да го сонува и секоја нејзина мисла да биде посветена нему. За возврат ја чуваше како кралица, како најубаво суштество створено само за него. Таа беше онаа за него. Секој ден сакаше со неа да заспие и да се разбуди со мислата за неа. Нивната љубов, помислата еден на друг можеше само да заврши со нивната смрт, можеби се прашувате од каде го знаат тоа? Станаа свесни дека за среќа еден на друг се спремни да направат сè. А, кога вие ќе запознаете некој таков, не испуштајте го од себе, не уништувајте ја неговата среќа и не го затворајте патот кон сопствената среќа.

Затоа што кога еднаш нешто ќе изгубите патот до враќањето назад е многу тежок. И можеби на почетокот за него зборуваа дека е најголем кретен, дека е безчувствителен машки гад, дека ладнокрвно ги кршеше женските срца, дека гледа само за себе. Но, никој не ја знаеше вистината за тоа и како му е на него. Никој не ја знаеше вистината зошто тој во суштина е таков, дека за неговата среќа му е потребна една насмевка, едни раце и едно гушкање. Само тој и покрај сè ѝ ја подаруваше неговата најискрена љубов, на онаа која го промени барем за момент него, а и неговот живот. Таа не сакаше да обврнува внимание на тоа што се зборуваше, му возвраќаше на љубовта. И затоа секоја голема љубов има еден важен датум, онаа една важна песна, она едно магично место и онаа една личност со која тој датум, во тие раце, со таа песна сте се чувствувале најсреќна личност на светот. Затворете ги очите, вдишете длабоко, заборавете ги сите лоши денови, отворете ги очите и насмевнете му се на животот што ве чека. Големата љубов заслужува да се сетите на неа, баш затоа и што била голема, доволно силна. Тие и користат за тоа да ви го одземат здивот кога ќе се сетите на неа.

Автор: Тамара Петрушевска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



3 Коментари

Одговори му на Jovana Откажи реплика

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*