Top
Носталгија за неповратното

Носталгија за неповратното

Слушањето на дождовите капки како се одбиваат од прозорецот на повеќето луѓе им звучи приспивно, но таа уживаше во тоа и честопати го даваше и сонот само за да биде сведок на уште една дождлива ноќ. Ќе го отвореше прозорецот и немо ќе уживаше во смесата од мирисот на дождот и мирисот на изгасена свеќа. Знаеше да си биде друштво на самата себеси, а уште повеќе уживаше кога беа присутни тишината и темнината. Во тоа друштво секогаш беше опуштена и смирена, слободна и безгрижна. Но, зошто можеше да се изолира од целиот свет но од него не, зошто секогаш кога ќе се затвореше во својот свет тој повторно ја наоѓаше, зошто само него не можеше да го избрка од нејзините мисли? И секогаш кога немо размислуваше за тоа, секогаш додека го бараше одговорот на истите прашања во градите безмилосно ќе ја стегнеше носталгија за деновите кога се им беше розово, а потоа најчесто уморот ќе се измешаше со неколку солзи кои што ги мразеше и конечно ќе му се предадеше на сонот.

Автор: Сара Стефановска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*