Top
Лоз за утре

Лоз за утре

И доаѓаат на ум слики. Болскотници, сенки… Моментално се соживува со тие емоции кои ја враќаат во време во кое царуваше идеалот. Сенката ќе дојде пред неа и ќе истури цела кутија со мали ливчиња, како оние кои ги кинеш од оглас залепен на дрво, во случај да ти се најдат. Повремено си бира љубов, па си бира страст, па цело нејзино тело наеднаш го облева некоја чудна нереална среќа. Сенката си заминува, а таа сите вибрации, кои дотогаш и го полнеле кревкото тело со мали слатки скокоти, ги претвора во сиво. На очи ѝ доаѓаат солзи, а не знае да плаче, со сила се смее, но нешто од внатре постојана ја одвраќа. Чувствува врели солзи како ѝ ги мијат трепките, а мора да ги научи како да ѝ ја измијат душата. Да ги пушти да се стркалаат и да се надева на олеснение. Да ја истопат оваа грутка со топлината и влажноста и да може повторно , ако не да љуби-да сонува…

Од кутијата утре ќе си го одбере денот кој го живееа пред неколку месеци. Задутре ќе го извлече тој по него, и така секој ден ќе си кине лоз додека не ги потроши сите. Ќе снема емоции, ќе снема чувствителност. Ќе секнат сеќавањата и на крај ќе го снема него. Кога ќе ја прашаат „Се одљуби ли?“, гласно ќе врисне ДА и повторно ќе е спремна да биде истата.

Автор: Ивана Горичан


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*