Top
Љубов е кога го сакаш, а не знаеш зошто

Љубов е кога сакаш, а не знаеш зошто

Ноќите се ладни и студени. Еве и срцето залади. Веќе долго време е заледено. Не постојат веќе бајките во кои доаѓа некој и го крши ледот, а? Е, не постојат. Порано барем во бајките го имаше, сега дури ни таму. Сè тоа што го гледате на филмовите, таму и ќе си остане. Не постојат такви во реалноста. Денес можеш да сретнеш некој што навистина ќе те сака. Да, ама само пред тебе. А, кога веќе ќе го сврти грбот, тука веќе се преобрзува во една нова личност, сосема непозната за тебе.

Изгледа некој го помешал поимот љубов со лицемерие. Љубов значи да се сака со чисто срце, тој што го имаш до тебе да преставува целиот свет за тебе. Кога веќе си решил да ја изневериш твојата љубов, тоа баш и не може да се нарече љубов. Тоа повеќе оди накај користољубие или прељуба. Денес луѓето имаат сериозен проблем со мешање на поимите. Не го сфаќаат нивното значење.

Но, за да ја сфатиш љубовта треба да ја почувствуваш. Тоа не е кога го сакаш поради неговите пари, неговиот изглед или неговата кола. Тоа е кога го сакаш, а не знаеш зошто го сакаш. Кога целиот свет е околу тебе, а ти мислиш само на него. Љубов е кога го трошиш целото свое време правејќи му албум од хартија затоа што сакаш да му покажеш колку го сакаш. Љубов е кога ќе се изгубите во шумата и ти го нервираш со твоето врескање, но тој сеуште е покрај тебе бидејќи те сака. Љубов е кога на ѕидот на неговата зграда ќе ја напише вашата омилена реченица со најголеми букви. Љубов е кога ќе ја напише твојата буква на неговато тело само затоа што сака да бидеш засекогаш негова. Љубовта е најскапоценото нешто што постои на овој свет кое не се купува со лаги и безвредни зборови!

Автор: Драгана Цекова


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*