Top
Kapka-na-ljubovta-iLike-mk

Капка на љубовта

На крајот сфаќаш дека ништо не е битно. Сите проблеми ќе исчезнат во далечното минато, старите лузни ќе се измијат со слаткиот вкус на вечноста, дождот ќе се сокрие од една искра на сонцето. Ѕвездите ќе се обединат, ќе го преплават небото и ќе ги остварат заборавените желби, старите копнежи и ќе го разгорат последното жарче на љубовта. Тоа е оној момент кога ќе ги отворам очите и ќе се видам мене во тебе. Си ме зграбил во прегратка и случајно ми се испушта една капка од очите. Ама не е оваа обична, секојдневна туку блескава капка, полна со насмевка и обвиткана со многу среќа. Јас ја нарекувам капка на љубовта. И нема потреба ни збор да проговориш, доволно е само да ја видам искрата во твоите очи и веќе се ми е јасно. Понекогаш очите се големи предавници.

Автор: Драгана Цекова


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*