Top
И додека гори цигарата и е топло кафето размислувам...

И додека гори цигарата и е топло кафето размислувам…

Навистина не знам која боја да ставам, ајде нека биде црна. Ги налакирав ноктите црни и се замислив повторно. Дали само ноктите од мене беа црни? Или можеби моето минато, мојата сегашност и душата се црни? Додека се слушаат Guns’n'Roses со песната „Patience“, јас продолжувам да размислувам. Во внатрешноста од мене е само една црна дупка, барам светлина, нема, барам нешто розово, нема. И потоа секако, ќе се запрашам каква била таа насмевка што сум ја носела секогаш. И знам, тоа било онаа лажна насмевка, која што боли повеќе од милиони солзи. Тоа била таа вредност. Но, ќе наидам на некоја светлина, мала, скоро изчезнува, но доволно за да ме подигне, да ме насочи каде да одам. Веќе неколку дена, негативноста во моето размислувње е присутна. И ме нервира, сакам повторно да се врати девојчето, кое што не се грижеше за ништо, кое што знаеше да ти ги затвори вратата пред нос, без да размислува. А сега? Сега ќе ти ја отвори вратата, па ако треба и црвен килим ке постела. Се смени времето, се сменив јас, се смени сè. Сега само останува надеж, надеж за подобри дни.

Автор: Мила Димчевска


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



1 Коментар

Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*