Top
glassblower-of-murano-iLike-mk

„Дувачот на стакло од Мурано“ – Марина Фиорато

Прекрасна книга во која паралелно се испреплетуваат две приказни, едната е историски сместена во 17 век во Венеција додека другата е модерна и е сместена исто така во градот кој тоне. Оваа книга е неверојатно добар микс од историја, мистерија, уметност, музика, но пред сè е нежна љубовна приказна.

Семејството на Корадино Манин е свирепо елиминирано од политичките ривали, само животот на Корадино е поштеден бидејќи детето покажува неверојатен талент за создавање ремек дела од стакло. Корадино ќе биде заслужен за промовирањето на изработените предмети од стаклото од Мурано како најдобри на светот и затоа Дуждот на Венеција ќе нареди нивната изработка да се чува како државна тајна.

Љубоморно чувана тајна. Корадино ќе биде доведен во искушение од страна на Кралот Сонце, но напуштањето на Венеција би значело и напуштање на најголемата љубов на Корадино-неговата ќерка Леонора.

Во втората приказна смесетна во денешно време, Леонора решава да избега од својот неуспешен брак, од животот кој ја гуши, од сивиот Лондон и се упатува во романтичната Венеција, но не по љубов, туку да дознае нешто повеќе за нејзиниот предок, славниот Корадино Манин – најпознатиот дувач на стакло од Мурано и мистеријата околу неговото исчезнување. А и кога е веќе во Венеција, таа би можела и да го „испече“ занаетот на својот предок.

Околу вратот го носи црвеното стаклено срце… Всушност тоа е срцето на мистеријата на целиот роман.

Ова е роман кој веднаш ќе ве освои. Ако сте љубител на историски трилери, љубовни приказни и завери, ова е книга која мора да ја побарате и прочитате. Нема да ве остави рамнодушни.

Извор: Сакам книги


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*