Top
Dopirot-na-muzikata-iLike-mk

„Допирот на музиката“ – Дафне Калотеј

Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право!

Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна и талентирана виолинистка. Нејзината иднина е одредена еден ден за само неколку кратки моменти… кога целото одделение на Реми е одведено во задушливата концертна сала секој ученик може да го испроба оној инструмент кој ќе успее да му го привлече вниманието и да се реши за еден од нив. Реми е воодушевена од флејтата, но изборот на нејзината наставничка, госпоѓа Силвестер е виолината.

А бидејќи не секогаш е важно што сака таа Реми, секој понеделник, заедно со другите ученици, учи како да свири на тој инструмент и со текот на времето таа се сплотува со виолината. Почнува да сфаќа дека тоа што го учи не е само музика, туку и убавина која ја води на места на кои не може ни да замисли дека може да отиде. Несомнено е дека таа сака да ја населува таа убавина и да го живее тој живот, живот многу поубав, пожив од тој на флејтистката што некогаш сакала да биде!

Сега на дваесет и две години, во последниот семестар на конзерваториумот Реми од местото на прва виолина ја дели само уште едно место. Кога претходната година била на еден чекор до тоа да стане прва виолина се појавува Лин, а за судбината да биде поиронична нивниот дотогашен диригент го заменува Николас Елко, гостувачки диригент во Будимпешта и во Лондонската Симфонија од Шведска, кој ги добил сите можни награди и титули. Неговата сопруга и ќеркичката не можат да бидат со него во Бостон, од семејни причини, и токму тие семејни причини и постојаното патување на Николас полека почнува да допринесува за нивнотот оддалечување!

Судбината понекогаш знае да си поигра со човекот! Реми конечно успева да покаже што знае кога Лин ненадејно не упева да пристигне на една од пробите на оркестарот па таа го завзема нејзиното место! Но со тоа нема само да го привлече вниманието на Николас кон нејзиниот талент и нејзината музика. Таа успева да направи тој да ја примети неа, најпрво како жена, а потоа како музичар!

Но дали среќата на Реми се состои во тоа таа да биде со Николас, а при тоа да растури едно среќно семејство или во нејзините часови и проби, а годишните времиња да ги препознава по рециталите кои ги подготвува? Дали таа сака животот да го помине со човекот кој го љуби или пак во постојана подготовка, но подготовка за што? И што станува со Хејзел? Дали таа има право на глас во ситуацијата во која ја ставаат Николас и Реми? Што станува со нејзините чувства… но љубовта нема граници ниту пак правила! Секој има право да биде среќен, но дали барајќи ја сопствената среќа нема да ги повредиме и тие што најмногу ги сакаме? Хејзел, Реми, Николас…

Интересна приказна, но во секој случај не ми остави многу голем впечаток, иако на почетокот ветуваше!

Извор: Сакам книги


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*