Кога усните и јазиците ќе се спојат па изгребат едни од други нервната мрежа пренесува сигнали во наносекунда.
Тие поминуваат и долж ’рбетниот мозок.
Тргнуваат од панкреасот и надбубрежните жлезди допираат до карличните нерви.
Просто, нервниот систем има полни раце работа.
Срцата чукаат двапати побрзо.
Вилиците се шират.
Сè почнува да се шири и полни.
Артериите и вените се рашируваат.
Крвта струи низ нас и имаме скокот на многу места.
Привремено губиме тежина на палците и тие се подигаат нагоре.
Кога е бакнежот страствен, интензивно се лачи норепинефрин, допамин и фенилетиламин.
Овие неуротрансмитери удираат право во рецепторите за задоволство и чувствуваме делириум.
Кога е дојдено право време за бакнежот, само знам дека за миг, не припаѓаш тука.
Баналноста доживува клиничка смрт.
Да живее бакнувањето!
Автор: Горјан Милошевски
Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!