Top
А, што ако?

А, што ако?

А, што ако? – прашање што успева да ти ја разбранува психата на толку ситни делови, што доаѓа до точка на распрснување.

Чајот полека се оладува, а вкусот на чоколадото почнува да има горчина. Ветерот ми ги разбранува мислите, кои се залутани во нечии туѓи зборови, кои некогаш имале преголемо значење, а денес се само скапоцени спомени затворени под стаклото на ормарот, оставени во нишките на сивилото да изгнијат.

Но, мозокот умее да ги прецепира точно тие заборавени зборови, да ги отвори старите спомени врз кои натежнала прашината. Иако радикално изменети, сфаќаш дека тоа се твои спомени, сувенири оставени од луѓето кои некогаш ти значеле, биле дел од твојот живот, биле причина за твојата насмевка. И не е срамно да кажеш дека ги почитуваш тие луѓе и дека им го посакуваш најдоброто, всушност тоа е доказ дека си успеал до созрееш и да ги надминеш човечките несовршености на завист и љубомора.

И кога ќе ти се наполат очите со солзи, ќе знаеш дека тоа е спомен кој само сака да те поздрави и да замине. Колку побрзо го разбереш тоа, толку животот станува поедноставен.

Се навраќаш на заедничкото кафе и темата која книга ти оставила најголем впечаток (се смееш). Колку се само прекрасни спомените, потопени со вечерен чај и чоколадо.

Но, кога спомените ќе тргнат во друга насока, во нивно детално перцепирње, кога белилиото се заменува со црни тонови, си го поставуваш најмрачното прашање на себе си…

А, што ако… тогаш ме прашаше мене за вистината?

А, што ако… ја признаевме љубовта?

“А, што ако?” – останува во минатото, со мене, тебе, кафето и недочитаните книги!

Автор: Цветанка Коцева


Вашите дела ги очекуваме на diary@ilike.mk. Ви благодариме!



Оставете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*