Top

Мермерните пештери во Патагонија, Чиле

Мермерните пештери познати како „Las Cavernas de Marmol“ се прекрасни светло сини пештери кои се потопени во тиркизните води на езерото Карера. Езерото се наоѓа на границата помеѓу Аргентина и Чиле, но пештерите се наоѓаат на страната на Чиле. Пештерите се познати под имињата: Капелата (La capillaries), Катедралата (El Catedral) и Пештерата (Cueva). Посетителите можат да ги истражуваат пештерите со мал брод или кајак, но само откако ќе се смират водите на езерото. Ова ретко чудо на природата е загрозено од плановите да се прават големи брани во тој регион.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *