Рајски хотелски ресорт лоциран на јужното крајбрежје на Бали, дизајнирано и во комплетна реализација на архи студиото Woha од Сингапур.
Одмаралиштето е изградено од природни материјали, како бамбус, варовнички камења и вулкански карпи од локалните предели. Комплексот го обиколуваат два огромни базени кои се полнат со солена морска вода и имаат одлично светлосно решение.
Веројатно највпечатливиот елемент од ова одмаралиште е симпатичната тераса изработена од дрво и бамбус која буквално виси над морското синило. Тука можете да се напиете некое убаво освежително коктелче, вкусно кафе или да се заблажите. Терасата е отворена и за гости кои не се сместени во хотелските соби. Рај!!





Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!