Top
tursko kafe

Зошто „турско“ наместо секое друго кафе?

Прекумерното консумирање кафе може да предизвика симптоми на психофизички и непосакувани ефекти врз здравјето на луѓето. Но, познатото „турско“ кафе има и низа предности. Тоа е богато со минерали како манган и магнезиум, и со витамин Б3. Освен тоа, има силни антиоксидативни својства и придонесува за здравјето на мозочните клетки, спречува атеросклероза и неколку видови карцином.

При изборот на кафе треба знаете дека главна состојка во инстант кафето е шеќерот, кој во комбинација со билна маст, гликозен сируп, арома и други додатоци дава привлечен вкус. Хидрогенизираната билна маст може да биде извор на штетни трансмасни киселини, а полифосфатите кои се регулатори на киселоста имаат штетно влијание врз здравјето на коските.

Кофеинот, односно алкалоидот кој предизвикува будност, се наоѓа во поголема концентрација во инстант, отколку во обичното кафе. Дневниот внес на кофеинот не е препорачливо да преминува 300mg, а шолја инстант кафе има приближно 100mg кофеин.

Инстант кафето може да предизвика и прекумерно излачување на киселина.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *