Сигурно Ви се случило да Ви треперат очните капаци или образите, а не знаете што е причината за тоа. До оваа прилично иритирачка состојба која не можете да ја контролирате, доведува спонтаното грчење на мускулите во овој дел од лицето, без претходно известување. Миокимијата не претставува сериозен здравствен проблем, но пожелно е да се знаат причините кои доведуваат до треперење, за да навремено бидете предупредени, објаснуваат експертите. Како најчести причини се следните:
Стресот е главната причина за „играње“ на очните капаци и образите. Обично трае една недела, или сè додека трае стресниот период. Со цел да се избегне стресот или барем да се ублажи, а со тоа и оваа последица, неопходно е да се научат некои техники за релаксација. Исто така е важно е и вежбањето, повеќе сон и да се подобра организација.
Кофеинот, исто така, може да биде причина активирањето, особено ако кафето се конзумира во неограничени количини. Со цел да се воспостави баланс во организмот, препорачливо е секогаш да пиете чаша вода заедно со кафето.
Недостаток на магнезиум води до исти реакции на наведениот дел од лицето. Затоа проверете го нивото на овој минерал, и ако е откриен недостаток , треба да јадете спанаќ, бадеми, овес или магнезиумски додатоци.
Понекогаш до „играње“ на капаците и образите може да доведе до сериозен медицински проблем, како што е случај со хипогликемија, Паркинсонова болест или некое друго невролошко пореметување. И со цел да се отстрани најмало сомнение за болест, посете го вашиот лекар.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!