Top
jogurt

Зошто е добро да пиете јогурт?

Ферментираната храна како јогурт, кефир, кисела зелка, па дури и кисели краставички, го подобруваат здравјето на нашиот дигестивен систем, а освен тоа може да имаат позитивен ефект врз расположението.

Процесот на ферментација им овозможува на бактериите да се размножуваат и да го претворат шеќерот во алкохол и киселини. Во текот на овој процес, се создаваат пробиотици, микроорганизми кои го стимулираат развојот на здрави бактерии и може да го зголемат нивото на серотонин во организмот. Серотонинот влијае на чувствата и расположението, апетитот, „реакција“ на телото и умот на стресот и поттикнува нагон за водење љубов. До 90% од серотонинот се произведува од здрави бактерии во дигестивниот систем. Исто така, постојат истражувања кои покажуваат дека високи нивоа на здрави бактерии во тој систем се поврзани со помал ризик од депресија.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *