Top
test1

Зошто доцни месечниот циклус?

Бременоста не е единствената причина за доцнење на месечниот циклус. Овие важни денови во месецот зависат од квалитетот на вашиот живот. Во продолжение прочитајте на кои симптоми и навики треба да внимавате.

Нагло губење на телесната тежина и екстремно вежбање
Ако нагло сте изгубиле голем број на килограми, постои можност циклусот да се поремети и да не дојде. Истото се однесува и на оние кои започнуваат со екстремни вежби. Ова претставува еволуциски начин на заштита на женското тело од можноста за забременување во моменти на голем напор или стрес.

Контрацепција
Немањето месечен циклус може да настапи како резултат на контрацепциски средства, како таблети, инекции или спирала. Гинеколозите напоменуваат дека немањето циклус во контролирани услови понекогаш е добредојдено, така што не треба да паничите ако сте под надзор на својот гинеколог.

Стрес
Трауматските случувања како на пример смртен случај или болест на некоја блиска личност, прекин на врска или добивање отказ, може да влијаат на месечниот циклус. Стресот влијае врз хипоталамусот кој регулира голем дел од хормоните во телото, помеѓу кои спаѓа и менструалниот циклус.

Прерана менопауза
Кога жените помлади од 40 години имаат проблеми со хормоналната рамнотежа, посоти поголем ризик за прерана менопауза. Освен немање месечен циклус, менопаузата може да ја препознаете по прекумерно потење, „бран на жештина“ и сувост на вагината.

Болест
Ако сте сигурни дека не сте бремени и не можете да се пронајдете во ниту една погоре наведена причина за изостанок на менструалниот циклус, побарајте помош од вашиот гинеколог. Проблемот може да биде полицистични јајници или проблеми со тироидната жлезда.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>