Овошјето носи многу придобивки за нашето здравје, а неговото консумирање наутро како појадок значи здрав живот. Следните придобивки ќе поттикнат овошјето да стане и ваш појадок.
-
Овошје за појадок е совршен начин да се разбудите, бидејќи дигестивниот систем и метаболизмот се “будат”, без остри удари на кафе или мрсна храна.
- Ако јадете доволно овошје за појадок, нема да чувствувате потреба за кафе, затоа што природните овошни шеќери го чуваат мозокот остар и полн со енергија.
- Периодот 7-11 часот сабајле телото прави најтешка детоксикација, затоа јадењето на овошје ја обезбедува потребната енергија која се користи за детоксикација, наместо залудно трошење на варење на тешка и мрсна храна.
- Консумнирањето овошје за појадок ги регулира движењата во дебелото црево. Влакната од овошјето го чистат дебелото црево, оставајќи ви вам, чувство на леснотија, освеженост и подготвени за работните обврски.
- Луѓето кои јадат само овошје за појадок се покажа дека се потенки и поздрави, а секако и повеќе продуктивни во текот на денот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!