Top
urmi

Зошто да јадете урми?

Урмите изобилуваат со калциум, амино-киселини, железо и витамини и имаат големо позитивно влијание врз нашето здра здравје, поради што и нутриционистите ги препорачуваат.

Содржат многу железо, па затоа во голема мера ја подобруваат крвната слика. Содржат лутеин и зеаксантин, кои се неопходни за добро здравје на очите. Бидејќи содржат калиум поволно делуваат при дијареа, хипертензија и превентивно против мозочен удар. Имаат способност и да го намалат и лошиот холестерол. Освен што спречуваат дијареа, така можат да делуваат за побрзо варење на храната. Неколку урми потопени во вода, преку ноќ, пуштаат сок, кој делува лаксативно и ја стимулира работатат на мрзливите црева. Урмите во себе содржат и фосфор, кој има важна улога како храна за мозокот. Токму затоа, се препорачуваат во исхраната на оние кои се занимаваат со интелектуална работа. Урмите го зајакнуваат телото и зголемуваат нивото на енергија, ја зголемуваат и сексуалната издржливост. Содржат и флуор, значаен минерал неопходен во борбата против кариес кој спречува крварење на непцата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>