Top
tikva

Зошто треба да јадете тиква?

Тиквата, или како ја нарекуваат „кралицата на есента“ има познати и, од страна на медицински лица, потврдени лековити својства.



Нејзиниот состав го сочинуваат високо ниво на антиоксиданси и каротен, и особено високо ниво на витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар. Во 100g тиква има само 28 калории. Содржи и: калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите, железо кое е важно за крвта и манган кој ја чува кожата.

ТИКВА ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА
Пире од свежа тиква е идеална маска за лице, и за само 10 минути ефикасно го чисти лицето и ги стеснува брчките. Идеална е за кожа која е склона кон создавање на акни и митесери, поради што во последно време се појавува како главна состојка во кремите за проблематична кожа.

СМИРУВА И ГО ПОДОБРУВА СПИЕЊЕТО
Јадењето тиква има многу позитивни страни, без разлика дали ќе се одлучите за варена, печена тиква или ја додадете како прилог во чорба. Благодарение на витаминот Б, тиквата ги смирува нервите и го подобрува спиењето. Одличниот нутриционистички профил го дополнуваат и пектин, целулоза и други растителни влакна кои се важни за добро варење на храната.

СЕМКИ ОД ТИКВА
Семките од тиква се одличен извор на протеини 50-тина грама семки задоволуваат половина од дневните потреби за аминокиселини. Со грицкањето семки се снабдуваме и со омега-3 масни киселини кои се познат чувар на срцето, видот и расположението.

МАСЛО ОД ТИКВА
Ова масло содржи голем процент на бета каротен, витамин Е и калиум. Во 100ml масло од тиква има 900 калории, и затоа се препорачува да се консумира како додаток во свежа салата (една супена лажица).




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>