Top
Healthy nutrition

Зошто да јадете салата со секој оброк

Консумирањето најмалку една салата на ден е една од најздравите навики кои можете да ги стекнете.

Салатите се здрав додаток за секој оброк и кај многу луѓе се неизбежни на менито. Тие се полни со витамини и минерали и хранливи се.

Растителните влакна го подобруваат варењето на храната
Зеленчукот содржи многу растителни влакна, кои се добри за варење на храната. Консумирањето салата помага во борбата против запек. Влакната од зелена салата ќе ви овозможат здраво ниво на холестерол што е важно во спречувањето на кардиоваскуларните заболувања.

Хранливите материи го штитат организмот
Докажано е дека храната богата со хранливи материи го одржува здравјето. Ако често јадеме зелен зеленчук, поголема е веројатност да ги наполниме нашите тела со антиоксиданти како што се витамин Ц, фолна киселина, ликопен и алфа и бета-каротин, особено ако зеленчукот го јадеме свеж. Антиоксидансите ќе го штитат вашето тело од штетните слободни радикали.

Националниот институт за рак објави дека луѓето кои јадат многу овошје и зеленчук имаат помал ризик од некои видови тумори, дури и ако се пушачи и пијат многу алкохол. Видовите на зеленчук и овошје кои најчесто се споменуваат се: пиперките, доматите, сливите, портокалите, грашокот, морковот, крушите и јагодите.

Дава чувство на ситост
Ако сакате да одржите здрава телесна тежина, салата како додаток во оброкот е вистинското решение. Истражувањата покажуваат дека јадењето на нискокалоричен оброк на почетокот на оброкот ви дава чувство на ситост, со што се намалува бројот на калории што ги јадеме преку други делови од оброкот. Сепак, треба да се внимава салата да не се зачинува со калорични додатоци.

Внесете здрави масти
Јадењето добри масти како оние што се наоѓаат во маслиновото масло, авокадо или ореви во комбинација со зеленчук, му помага на телото да ги апсорбира заштитните фитохемикалии од зеленчук како ликопен од домати или лутеин од лиснат зелен зеленчук.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>