Top
luk

Зошто да јадете лук на празен желудник?

Лукот е корисен и докторите најчесто го препорачуваат за подобрување на имунитетот, но и поради бројни други здравствени придобивки.

Научниците откриле дека јадењето лук на празен желудник ја зголемува неговата ефикасност како природен антибиотик. Тоа се случува бидејќи ги препознава бактериите и истите не можат да се одбранат.

Лукот содржи околу 400 активни материи, богат е со витамини и минерали како: аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сумпор и фосфор. Тој има дезинфекциско, антибактериско и фунгицидно дејство, споредбено со најдобрите антибиотици. Најважната состојка на лукот е ахоин, чиј ефект е подобар од дејството на аспирин. Редовното консумирање го олеснува протокот на крв, го намалува зголемениот крвен притисок и ги намалува маснотиите во крвта. Тој е одличен антиоксиданс, кој го заштитува организмот од дејството на слободните радикали.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *