Top
krusi

Зошто да јадете круши?

Крушата е здраво есенско овошје кое изобилува со хранливи материи, корисни за нашето тело.

Го поттикнува варењето на храната
Крушата е богата со прехранбени влакна кои дејствуваат на целиот организам, особено на варењето. Таа ја подобрува работата на цревата.

Ги штити срцето
Изобилува со флавоноиди, кои нивото на шеќер во крвта го одржуваат стабилно, па нејзиното редовно консумирање се смета за добра превенција за борба против дијабетес тип 2.

Го зајакнува имунитетот
Крушата е богата со витамините Б и Ц, добар извор е на железо и калциум, калиум и бакар. Освен тоа, го зајакнува имунитетот на телото и ги ублажува процесите во организмот. Во кората се наоѓа моќен антиоксидант кверцетин кој ги спречува разните болести.

Спречува проблеми со видот
Морковот не е единствениот плод од природата кој спречува проблеми со видот. Крушата е, исто така, заштитник на очите и го намалува ризикот од макуларна дегенерација.

Помага во слабеењето
Во 100g круша има 80 калории, па таа припаѓа во групата на овошје со нешто повисока вредност на калории. Иако станува збор за слатко овошје, умереното консумирање се препорачува и кај луѓето кои држат диети или ја одржуваат својата тежина.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *