Top
f'staci

Зошто да јадете ф’стаци?

Кога се зборува за здрави намирници, веднаш се помислува на ореви, бадеми и лешници и притоа се заборава на уште еден дар од природата кој е исклучително здрав. Малите зелени плодови, ф’стаци, се моќен сојузник во забрзување на работата на метаболизмот, голем непријател се на лошиот холестерол и значително го успоруваат стареењето. Поради овие и бројни други предности треба почесто да се најдат во вашата исхрана.

  • Консумирањето ф’стаци за само неколку седмици го намалува нивото на лошиот холестерол и до 20%, за што е одговорна големата количина антиоксиданси, особено лутеинот со кој изобилува овој плод. Имено, антиоксидансите го спречуваат продирањето на холестеролот во крвните садови.
  • Ф’стаците се одличен извор на влакна. Во само 100g ф’стаци има 10.3g диетални влакна кои се пресудни во забрувањето на метаболизмот и го олеснуваат проблемот со варењето на храната.
  • Една шолја ф’стаци содржи дури 60% од препорачаната дневна доза фосфор. Овој минерал ги претвора протеините во аминокиселини.
  • Кај мажите ја зголемуваат сексуалната моќ, а ова го докажува студија според која секојдневната консумација на ф’стаци ја зголемува оваа моќ за 51%. За тоа се одговорни есенцијалните масни киселини, кои помагаат во лачење на сексуални хормони и го зголемуваат протокот на крв во гениталиите.
  • Ги нарекуваат и „природен ботокс“ поради тоа што содржат голема количина антиоксиданси кои се клучни за обнова на клетки.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *