Top
dinja

Зошто да јадете диња?

Дињата е летно овошје кое изобилува со калциум, витамини Ц, Б и А, како и со магнезиум, фосфор, железо, бакар и манган. Содржи и тиамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина, пантотенска киселина. Луѓето ова овошје го сакаат поради пријатниот благ вкус и сладост, а убаво е да се консумира бидејќи содржи голема количина на вода, која е неопходна за нормално функционирање на организмот во текот на летните горештини.

Според „Американската кардиоваскуларна асоцијација“, калиумот во дињата го намалува крвниот притисок така што го намалува ефектот на натриумот и ги „опушта“ крвните садови.

Калиумот му помага на телото да го ослободи вишокот натриум и на тој начин го намалува покачениот крвен притисок. Освен тоа, помага во одржување на потребната рамнотежа на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, а исто така игра важна улога во преносот на електричните импулси до срцето.

Луѓето кои имаат доволно калиум имаат значително помали шанси да добијат мозочни удари и други срцеви заболувања. Овој минерал ја зачувува густината на коските и го спречува создавањето на камења во жолчката.

Дињата лесно се вари, има многу растителни влакна, го регулира варењето и промовира исфрлање на токсините од цревата. Се препорачува да се јаде на празен стомак и пред друг оброк.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>