Top
Spanakj

Зошто треба да јадеме спанаќ?

Здравјето на човекот зависи од протеини, витамини и сите останати хранливи материи кои ги содржи храната која ја консумираме. Сите тие мора да бидат во нормални граници, кои нема да предизвикаат несакани ефекти. Во секојдневната здрава исхрана на човекот треба да бидат вклучени млеко, овошје, зеленчук. Иако лиснатиот зеленчук е здрав, сепак повеќето луѓе не го користат во својата секојдневна исхрана. Спанаќот е богат со железо, витамин А, Ц, Е, К, Б2 и Б6, магнезиум, манган, калциум, калим, цинк, фолна киселина, ниацин, селен, омега-3 масни киселини и други хранливи материи кои се здрави за функционирање на човечкото тело. 13 видови хранливи состојки кои ги содржи спанаќот го штитат човечкото тело од срцеви заболувања и рак. Токму затоа, не смееме да го занемаруваме овој факт. И не само спанаќот, туку воопшто сите видови зеленчук се потребни за здраво и правилно фунцкионирање на човечкиот огранизам. Секако, немојте премногу да го варите или пржите зеленчукот, бидејќи на тој начин ги губи хранливите состојки.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>