Top

Зошто треба да јадеме домати?

Доматите припаѓаат на оние видови на зеленчук кои треба да се јадат секој ден. Без разлика дали ќе ги консумирате свежи или зготвени, одлично се вклопуваат со месо, риба и друг вид на зеленчук. Во продолжение прочитајте ги придобивките од консумирање на овој црвен, вкусен плод.



– Богат е со витамин Ц, а овој витамин е од суштинско значење за зајакнување на имунолошкиот систем. Освен тоа, богат е со витамин Б, витамин Е, витамин К, калиум, натриум, магнезиум, калциум, и посебно железо.

- Доматите се преполни со бета каротен, лутеин и зеаксантин, кој често се нарекува „витамин за очи“.

- Поттикнува создавање на карнитин, кој кога се распаѓа согорува масти и ги претвора во енергија.

- Содржи важен фитонутритент наречен ликопен, кој го успорува стареењето, има силно антиканцерогено дејство и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Ликопенот го регулира и варењето на храната и ги спречува негативните ефекти од бактериите.

- Истражувањата покажуваат дека консумирањето домати или доматен сос го намалува нивото на холестерол и триглицериди.

- Овој плод е еден од ретките плодови со чија обработка (сушење, пасирање, готвење) не се губат хранливите вредности.

- Доматот е зеленчук кој е совршен за салати, сосови, макало, може да се пече, да се вари, да се полни. Постојат премногу начини преку кои може да го вклучите доматот во секојдневните оброци.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




1 Коментар

  • sotre вели:

    Се е ок ова, мада ботанички доматот е овошје,не зеленчук, ама поради примената во јадењата и како гарнир, го сметаат за зеленчук.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>