Top
Prekumeren-stres-iLike-mk

Знаци кои упатуваат дека се соочувате со преголем стрес

Стресот е вистински непријател на човекот и има неверојатно негативни импликации врз физичкото и психичкото здравје.

Психијатрите посочуваат неколку знаци кои се предзнак дека се соочувате со преголема доза на стрес:

ГЛАВОБОЛКИ ДУРИ И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНД
Научниците истакнуваат дека изненадниот стрес кој доаѓа со завршувањето на работната недела, може да предизвика неподносливи главоболки, па советуваат за време на викендите да се придржуваме кон распоредите за спиење и исхрана со цел да се избегнат други индикатори на стрес.

ЛОШИ СОНИШТА
Личностите под стрес често се будат бидејќи сонуваат непријатни ситуации во текот на ноќта. За истото да го спречите, дозволете си ноќно спиење кое ќе трае 7-8 часа, а пред спиење не консумирајте кафе и алкохол.

ПОЈАВА НА АКНИ
Стресот ја зголемува појавата на акни дури и кај личностите кои пред многу време се збогувале со пубертетот. Негувајте ја кожата и мачкајте ја со хидратантен крем кој не ги затвора порите.

ПРЕКУМЕРНА ПОТРЕБА ОД БЛАГО
Не секогаш хормоните се виновни за нашите потреби за благо. Главниот причинител е стресот. Научниците откриваат дека кај жените после менопаузата се намалува желбата за благо, со што повторно акцентот се става на стресот.

ЧЕШАЊЕ
Јапонските научници докажале дека луѓето со хронично чешање, двојно повеќе се изложени на стрес. Состојбите на дерматитис, екцем и псоријаза, освен стресот, ги влошуваат и тешкотиите и напнатоста.

СИЛНИ МЕНСТРУАЛНИ БОЛКИ
Студиите покажувале дека менструалните болки се два пати поинтензивни кај жените кои се под стрес, отколку кај жените кои се опуштени. За ова ја обвинуваат хормоналната нерамнотежа, која ја предизвикува стресот. Намалете ги болките со редовно вежбање.

ЗАСИЛЕНИ АЛЕРГИИ
Докажано е дека кај луѓето кои страдаат од алергиски симптоми, дополнителниот стрес ја влошува ситуацијата. Симптомите се зголемуваат. Стресот стимулира производство на протеини во крвта кои резултираат со алергиски реакции.

КРВАРЕЊЕ НА НЕПЦАТА
Луѓето под стрес имаат поголем ризик за заболување на непцата. Хронично зголеменото ниво на кортизол го нарушува имуинтетот и им дозволува на бактериите да ги нападнат непцата. Оваа непријатност можете да ја ублажите со редовно четкање на забите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *