Top
toksini

Знаци кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини

Секојдневно, преку исхраната внесуваме токсини, кои токму поради неправилната исхрана и недоволна физичка активност не можат сами да се исфрлат. Ова се четирите најчести показатели дека телото ви е преполно со токсини од кои мора да се ослободите.

Лош здив
Лошиот здив може да биде показател дека има многу токсини во вашиот организам. Тој може да настане поради бактерии, но може да биде и знак на тоа дека вашиот црн дроб и цревата имаат проблеми со исфрлување на отровите. Користете чистач за јазик за да ги елиминирате бактериите кои го прекриваат јазикот, а земајте и свежи билки, како магдонос и коријандер, кои се детоксификатори на црниот дроб.

Ви сметаат мириси
Ако имате силни реакции на мириси како парфеми или чад, може тоа да го предизвикуваат токсините во вашето тело. Кога патиштата за детоксификација се затворени, телото тоа го чувствува па сетилата стануваат изострени и можат да предизвикаат реакции како главоболки и мачнини.

Постојан вишок на килограми
Постојат многу причини за неуспех во губењето на телесна тежина. „Полудени“ хормони, неправилна исхрана и секако токсини. Токсини како диоксин, ПЦБ и многу пестициди се липофилни, што значи дека во нашето тело се спојуваат со масни клетки. Кога телото со нив е прептоварено, може да биде невозможно да се симне дополнителната тежина.
Затоа избирајте чиста, органска храна, кога тоа е возможно, и погрижете се добро да се испотите, да го хидрирате организмот, и квалитетно да дишете секој ден.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>